Бесплатен градски превоз за пензионери

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
:) Јас колку што знам политика на форумов е забранета, а кога зборувам ова за ова морам да ја вмешам политиката:
Стратегијата на оваа влада е да добие „бонус“ глас кај оние што е полесно.
Студентите не можат да ги излажат затоа што живеат во Гоце, Стив и Кузман(места што наликуваат на згради погодени од цунами и никогаш не реновирани), па и не им менува многу дали ќе одат бесплатно на факс или не и онака половина од нив се шверцаат. Подобро 300 денари на 10 дена да платат отколку 35 секој ден по два пати.
Ама затоа пензионерите можат да ги излажат со 600 денари плус на пензија, бесплатно скијање(врвот!) и бесплатни автобуси.

Не се виновни пензионерите што некој ги користи како јагниња за стрижење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Себични створења кои само мислат за нив, се прават болни а сите се опрчиле да се возат у автобус.Се буткаат на велико( од кај им сила толкава?!) ,се караат ко мали деца и смрдат на лукови и на пот.
И нека имаат бе обзир веќе нека не идат од 8-9 сабајле и од 16 до 17часот кога сите идат на работа и се враќаат.
Море ич не ги жалам и ако си фатам место не им станувам да седнат па нека паѓаат ако сакаат. Позрави од младите се- трчаат по автобуси а кога влагаат мислиш пред умирање се.
Претераа веќе и веќе не можам да ги толерирам! :gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
:) Јас колку што знам политика на форумов е забранета, а кога зборувам ова за ова морам да ја вмешам политиката:
Стратегијата на оваа влада е да добие „бонус“ глас кај оние што е полесно.
Студентите не можат да ги излажат затоа што живеат во Гоце, Стив и Кузман(места што наликуваат на згради погодени од цунами и никогаш не реновирани), па и не им менува многу дали ќе одат бесплатно на факс или не и онака половина од нив се шверцаат. Подобро 300 денари на 10 дена да платат отколку 35 секој ден по два пати.
Ама затоа пензионерите можат да ги излажат со 600 денари плус на пензија, бесплатно скијање(врвот!) и бесплатни автобуси.

Не се виновни пензионерите што некој ги користи како јагниња за стрижење.
заборави и бесплатно пораѓање во Систина :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Мисли си само дека не можат да ги добијат студентите. Познавам многу примери кои што со книшка си добиле место во студентски, се запишале на факултет и сл. Најголемиот проблем е што има голем број студенти кои со книшки во рака си ја тераат работата.
Јас неам ништо против да им дадат на пензионерите бенефиции, ама да дадеа нешто и на другите ќе беше многу полесно прифатено ова. Вака излегува ко пензионерите да се патот до успехот.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Целата тема потклекнува на политички искази, но ќе се потрудам што помалку да провлечам партиска политика во мислењево.
Во принцип ко што погоре прочитав кај Аркантос и Лаки, мислењата држат вода.
Работата е дека овие бенефиции се дадени чисто онака од ракав, нормално за собирање политички поени.
Да се потсетиме, пред да бидат дадени овие бенефиции, немаше ниеден пензионер кој се „бореше“ за бесплатен транспорт. Значи, у глобала и не ги кривам старите луѓе донекаде туку државната власт.
Тоа што тие го користат е само као нуспојава на оноа што властодршците го имаат донесено на маса. Ти дај му и на богат и на сиромашен печено пиле на трпезата, и двајцата ќе го изглодаат до коска. Тоа е човекова природа. За да добро се имплементира целиов овој закон и Волкот да виде Сит но и овците Џедаи, треба и донаќинот да направи куќно правило за кое сите гости ќе бидат почестени, а не само еден мал дел. На студентите им е прекупотребен истиов градски превоз, со тоа што освен во две-три траси, тие не би влегувале апсолутно во секој автобус. Сите се распоредени или во УКИМ или кај Електро-техничко-машински или кај Природоматематички. Зборам секој студент во државните.
Тоа што ме револтира со додавањево на овие бенефиции на одредена старосна група, се подигнува и раскалашноста во свеста кај истите. Ако предтоа самите тие немале потреба многу да го користат превозот, сеа отпрво станува занимација, за да после прерасне во потреба и навика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Во Естонија или Литванија, некоја од тие балтички земји, во главниот град воведоа бесплатен јавен превоз за сите жители на градот, со цел да се намали загадувањето и сообраќајниот метеж. И тоа им успеа. Зашто истото да не биде и тука, и така градот субвенционира, башка може да се воведе некоја симболична цена или некаква давачка за секој жител на Скопје и безплатно да се користат услугите на јавниот превоз. За тие што не се жители на Скопје нека си останат билетите, а за студентите што не се од Скопје нека има некои поволни цени на билетите. Така е во многу градови, зашто да не и тука...
Уствари да не се праам будала, знам зашто не е така, тоа не носи политички поени и гласови...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Мисли си само дека не можат да ги добијат студентите. Познавам многу примери кои што со книшка си добиле место во студентски, се запишале на факултет и сл. Најголемиот проблем е што има голем број студенти кои со книшки во рака си ја тераат работата.
Јас неам ништо против да им дадат на пензионерите бенефиции, ама да дадеа нешто и на другите ќе беше многу полесно прифатено ова. Вака излегува ко пензионерите да се патот до успехот.
Многу помал е бројот на студенти што се така влезени, од оние што се разочарани :)
Ама тоа е веќе ептен политичка тема :)
Кога веќе не им даваат бесплатни денови на студентите, тогаш нека бидат поевтини картите... Вака на некој што се вози еднаш во 2 месеци 35 денари се ништо, ама не се ништо за некој што со 1000 денари треба да мине цела недела за јадење, пиење и плус автобус.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,121
1,683
За тие што не се жители на Скопје нека си останат билетите, а за студентите што не се од Скопје нека има некои поволни цени на билетите.
И пак тука, поделбата Скопје-Држава и провинција. Оди во Чаир спроведи го ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Главниот револт се ствара бидејќи пензионериве наши се сите безобразни, од првиот до последниот. Сум живеела по некој месец и во неколку други држави, ова никаде го нема. Во Хрватска имаат бесплатно возење секој ден, па никогаш се нема инцидент случено. Народот е покултурен, не се туркаат, не трчаат шпринт кога доаѓа автобус а потоа се туфкаат цело време како нешто ги боли, не го пренесуваат целиот зеленчук и овошје од пазар, не ги вреѓаат младите и не смрдат ужасно, најужасно на цел свет.
Тоа е затоа што нашиов народ е стока. Имам напишано во СДК едно ужасно искуство кое ми се случи со една "госпоѓа", кога ме удри со бастунот по грб, па уште и ми се изнаразвика како јас сум била некултурна. Мои другарки што ми имаат кажувано, какви случки со пензионериве, коса ми се дига.
Јас никаде немам видено некој млад човек или студент да се однесува некултурно. Dare I say, помладите луѓе се секогаш покултурни. Не се цвеќиња, но никогаш не истуркале или не удриле постар човек.
Јас да сум ќе им ги укинам правата. Затоа што не знаат да го ценат тоа што им се дава. Убаво е да им се помага на постарите, ама тие стоки не заслужуваат ништо. Повеќе би сакала да им се даде права на хендикепираните луѓе, според мене тие најмногу заслужуваат бенефиции. Нема друго НЗС, не сакам да им се дадат посебни автобуси како што некој имаше нагласено, ниту пак нешто друго. Сосема да им се укине бесплатното возење. Кога некој не знае да цени привилегија, не мора веќе да ја има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider, JaMi and Y1K991

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Многу помал е бројот на студенти што се така влезени, од оние што се разочарани :)
Ама тоа е веќе ептен политичка тема :)
Кога веќе не им даваат бесплатни денови на студентите, тогаш нека бидат поевтини картите... Вака на некој што се вози еднаш во 2 месеци 35 денари се ништо, ама не се ништо за некој што со 1000 денари треба да мине цела недела за јадење, пиење и плус автобус.
Абе истите тие што си влегле со книшка знаеш што муабет прават (ок, не сите, ама оние што ги познавам)? „Еј брат, па какво е такво е. Колку да имам кров над главата добро е.“ Со такви размислувања и наведнување на главата само се оди наназад. За разлика од кај нас, во повеќето земји студентите се оние кои што се движечка сила, кои што организираат протести, па дури и закони менувале. Кај нас за жал, се од векот угнетени. Малку скренав од темата ама натака се придвижи муабетот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос