Дедо ми над 10 години користи дијазепами пред спиење.
Еднаш кога бев да побарам рецепт од неговиот матичен, ми рече дека тие апчиња не делуваат ако толку долго се конзумираат и мора периодично да се менуваат со други. Ама ете дедо ми толку години, а се напие, истиот миг заспива, додека ако нема не спие цела ноќ. А ваљда и треба време додека апчето почне да делува ако делува веќе по толку време, а тој пие и по 3 секунди е заспан. И верува дека мирно спие зошто пие апчиња...
И општо е таков, гледа секакви реклами за вакви или онакви апчиња, чаеви или билки и купува се.. И а некој му каже дека не чинат одма моментално не му влијаат на ништо, ако пред тоа му помагале. И обратно, ако не е задоволен од нешто, а а чуе препорака, одма мисли дека го нашол лекот.
Последно беше со вендоксин капките... Пред да ја слушне рекламата на тв, му ги купи баба ми. И од почеток немаше верба, демек она ги купила на своја рака и врска нема, па пиеше да не и скрши ќеф и само се жалеше дека џабе пие, нема промени... Откако излегоа рекламите магично почна подобро да се осеќа од нив..