Денес правев муабет со човек кој ми рече дека децата се најголемото зло што може да му се случи на еден човек и да не брзам да се мажам и да изнараѓам деца.
Да, во свет полн со социопати, со луѓе без душа, кои не го познаваат твојот проблем зошто најголем нивни проблем е тоа што немаат доволно луѓе да ги малтретираат.
Во свет полн со убијци, силувачи и педофили.
Во свет каде старлетите и нозеширачките се возат на јахти за кои ненозеширачките можат само да сонуваат.
Во свет каде преовладуваат long relatives на Чичко Горио кои не сфаќаат дека парите не можат во гроб да си ги однесат.
Во свет каде каде поголем грев е да не платиш данок отколку да убиеш некого.
Во свет каде љубовта е материјална именка.
Во свет каде газолижачите и неспособните ја потврдуваат и шират идиократијата.
Да, во овој свет, децата се најголемото зло.