Без разлика што веке сески играчките не се табу тема,многу од девојките сеуште немаат храброст да ги купат.
Првите такви помагала почнала да ги продава пети Брисбен во својот подрум уште во 1983година.и за таа цел ја основала компанијата Pure Romance.
Брисбен ги советува жените да ги отфрлат сите митови и предрасуди и дека нема зошто да се срамуваат кога купуваат сексуално помагало. Секоја жена има право да ја познава и да ја истражува својата сексуалност.
Пред да купите секси играчка, морате да знаете каков тип на стимулација сакате. Според тоа, ќе го одберете производот кој може да ги задоволи вашите потреби, на пример, стимулација на клиторисот или Г-точката.
Кога ќе го пронајдете она што најмногу го сакате, имате избор на различни играчки кои имаат различни опции. При купување издвојте доволно време за да можете детално да ги прочитате сите информации за секој производ кој ве интересира. Покрај тоа, допрете го со рака и добро погледнете, бидејќи и на тој начин можете да заклучите дали производот е за вас или не. Не заборавајте дека сепак станува збор за играчки и суштината на сето тоа е забава. Не срамете се да побарате помош од продавачот, ако нешто не ви е јасно.
Брисбен нагласува дека жените често се грижат за тоа дали секси играчката ќе им наштети и дали има некои кои навистина треба да се избегнуваат. Но, таа смета дека единствените секси играчки кои треба да се избегнуваат се оние кои се непријатни, психички или физички. Пети додава и дека подеднакво е важно и партнерот да се согласува со користењето на такви играчки, доколку сте го вклучиле во тој дел од својот сексуален живот. Важно е да ги почитувате и неговите граници и да се почитувате еден со друг.
Правилното одржување подразбира чистење пред и после употребата, а исто така е важно, помагалото да биде спакувано во квалитетна, по можност антибактериска кесичка. Постојат средства за чистење кои се наменети само за одржување на сексуалните помагала и не се штетни.
Дали користите сексуални помагала?
Што мислите околу нив и нивната употреба?
Се што сакате да споделите околу сексуалните помагала,совети,информации...повелете на темава.