Поише му доаѓа као статус на денот, но мање битно.
„На Светскиот ден на детето, не можам да не помислам на моите професори, а и на голем дел од идните од Педагошка, кои се запишуваа(т) таму затоа што не ги примиле на друг факс или не знаат што да студираат (имаше и аргументи од типот “за женско најубава работа и мирна глава“ :/)
Од моето образование, најмногу ќе се сеќавам на апатијата и незаинтересираноста на наставниците, кои правеа и нешта како дела од Достоевски, грчка митологија и цртање да бидат досадни. И ако нешто научив, тоа е дека една од поголемите штети кои можеш да ги направиш е да демотивираш и да му ја исечеш креативноста на детето.
А, идните кои ради реда одбрале таква професија...Се надевам дека ќе сфатат дека ја имаат една од најодговорните работи во општеството. Работат со и обликуваат свежи мозочиња и срце. Обезвреднувајќи ги нив, буквално ја обезвреднуваат иднината.“