Штотуку го прекрши ветувањето.
Го раскажав само моето искуство како поука за некој друг. Можеби го прекршив ветувањето, но се надевам некому ќе му биде од корист.
Штотуку го прекрши ветувањето.
Да де во буквален превод и рекла ТИ НЕ ВЕРУВАШ ВО ОВИЕ РАБОТИ ТЕБЕ НЕМА ДА МОЖАМ ДА ТЕ ИЗЛАЖАМНе знам дали е за верување или не, ама има луѓе што ги знам што веруваат и одат и им погодуваат многу работи.
Иначе мајка ми воопшто не верува во такви работи но еднаш по инсистирање на тетка ми отишле двете и онаа гатачката штом ја видела мајка ми рекла ти не веруваш во такви работи и затоа тебе неможам да ти гатам.
ХАХАХАХХА имаш правоДа де во буквален превод и рекла ТИ НЕ ВЕРУВАШ ВО ОВИЕ РАБОТИ ТЕБЕ НЕМА ДА МОЖАМ ДА ТЕ ИЗЛАЖАМ
Таа не ви помогнала,вашата совест ви помогнала.Мене ми се има случено многу да ми помогне гатачка. Под чергиче стававме коса и зејтин под кревет. Лоши работи ни се случуваа
а таа не убедуваше дека не колнат комшиите. После тоа се средија работите.
Има многу луѓе што имаат дарба од Бога да помагаат на другите а има уште повеќе кои лажат за само пари да земат.Човек кој сака да помогне нема да има тарифа туку колку имаш оставаш...имам искуство и познавам такви луѓе со дарба и верувам во нивната моќ и никој не може да ме разубеди во спротивното.Малер по малер,мака по мака,ништо не иде од рака.Губење здравје,болести пари,се се руши.Забораваш да се смееш,сон не те фака а на душа камен стои,здив не ти дава!Језиво!Отидов во Куманово кај една жена да пробам и јас да си најдам лек за мојот хаос а пред тоа им се смеев на сите луѓе што одеа по тие врати,но маката ке те натера и кај црн ѓавол да идеш.Живее во Рајкова Куќа и кога стигнав што да видам,50 луѓе наредени еден до друг стојат пред врата.Повекето беа млади мајки со деца,кој се бебе,дури и еден парализиран го донеле.Боже си реков,кај дојдов и почнав да се распрашувам дали ја бива женава,има ли некој што го излечила,зима ли пари идр.инаку оваа гледала на икони само среда и сабота.Мајките што беа со децата немаа предност,туку кој како дошол што не ме бендиса.Плачеа деца,се туфкаа стари и така до 03 часот наутро како будала отеков во дворот чекајки.Решена бев да издржам,кога влегов едно собче накрцано со икони.кандила и едно столче на кое ке те седне.Најпрво ме праша што сум чекала толку години,голема магија ми направиле,ми побара 3оо денари и ми рече да дојдам во среда сега иконите не ми се отварале.Како попарена си се вратив дома,неспиена,испотена,и се реков Која глупача излегов.Сакам да ви кажам,НЕМОЈТЕ да идете кај такви луѓе,Тие си улави а вие ке бидете уште поулави!Има луѓе што прават магии,што тураат влакна,лушпи од расипани јајца,и јас во кола наоѓав плетени влакна од коса со копчиња но решив да се освестам и да не потпаѓам психички на такви работи.Ме интересира дали има некој позитивно искуство со такви вештери?