Види, лицемерие е нужна работа во светов.
Ако не постои нешто такво, единствена и остварлива можност е да се случи нетрпеливост, отворена омраза до крајност на војна.
Поголемиот дел од луѓето треба да го сфатат тоа. На малкумина им е јасно дека нешто како утопија не постои. Дека правење добри работи и давање на услуги за фидбек не е секогаш од срце или од вонземјанска љубов.
Барем не на земјава.
Затоа разбирам зошто луѓето не се подготвени да се соочат со отворена и искажана критика. Погоре е опишано која е последицата од тоа.
Сите сакаме да оставиме убав впечаток на ист број луѓе колку што познаваме. Сакаме за нас и нашите ставови најдобро и највисоко мислење. Од нашата гледна, животна точка сметаме дека нашите ставови се најдобри. Во спротивно ако не сметаме, зошто би ги избрале и би верувале дека со помош на нив создаваме подобра иднина за нас?
Затоа е лудост дека сите останати ќе се согласат со нас и ќе бидат општоодобрено прифатени.
Различни луѓе, различни мислења.
И никако со муабети "јас го/ја познавам, сите за неа/него имаат добро мислење". Мy ass.
Принципот на работење со нематеријални услуги е потребен за успешни односи со јавност и други луѓе.
Затоа лицемерието е истакнато во овој сегмент од животот.
И не е лоша особина, напротив.
Отворено напаѓање на туѓи идеали, како металот е добар, се останато е шунд (најпросо објасување) или лоша фризура во лош ден (коментар да докрајчиш расположение на близок) е безчуствителност.
Сите сакаме бели лаги - лицемерност во мали дози.
За сметка на тоа даваме услуга на ист начин. Сеедно дали е тоа подарок, возвратена насмевка или услуга. Не причинува штета на учесниците.
На пример, запрашајте се колку пати сте биле на роденден кај ваша пријател/ка од средно или детство со подарок кој верувам дека е купен од учтивост и симпатии за делење на некогашно детство, но не е со ист ентизетет на емоции и интерес кога купувате за вашите сегашни најмили?
Понатаму,
Куртоазија - или служење со лицемерност.
Служење кое е општоодобрено и прифатено од мнозинство.
Исто како шефот со кој не се слагаме во многу погледи на приватно или на деловно поле.
Но пронаоѓаме компромис, создаваме и се допираме онаму каде што може. Онаму каде што се разделуваат заеднички интереси, преоѓаме на мут.
И ќе биде пријатно до моментот кога некој од куртоазија ќе почне да живее за тоа - читај ќе лиже гз.
Останатиот ќе се претвори во себичен трол и ќе експлотира гага услуги и уживање во туѓото лижење гз.