Иако често гризењето нокти се смета за нешто безопасно, американските медицински експерти после добро проучување, одлучиле да ја променат класификацијата на оваа навика и сметаат дека е опсесивно компулсивно пореметување.Навиките кои обично се поврзуваат со опсесивно компулсивното пореметување вклучуваат постојано миење на рацете и кубење на коса. Овие болести се карактеризираат со неразумни мисли и стравови кои водат до таквото однесување.
Ако само некогаш гризете нокти, тоа не е показател за пореметување, уверуваат експертите. Гризењето нокти се смета за сериозно кога таа навика стане деструктивна, односно кога поради неа е отежнато користењето на рацете или води до чести инфекции.
Овој проблем е толку сериозно сфатен што некаде прочитав дека во Холандија ќе се отвара прв центар за одвикнување од гризењето на ноктите. Центарот не сака да ги открие методите со кои работи, но велат дека на пациентите ќе им бидат ставени на рацете специјален уред со кој ќе се овозможуваат нормални активности, но нема да можат да гризат нокти. Покрај тоа ќе има секојдневни терапии и советувања.
Јас лично гризам нокти и никогаш не успеав целосно да се ослободам од оваа грда навика.
Што мислите вие?
Дали е навистина психичко пореметување?
Дали ја имате оваа навика?
Како се справувате со истата?