Гризење нокти - психичко пореметување?

Whitelighter

Нов член
31 октомври 2013
2
0
1
28
Α добро ако гневот или агресивноста ја пренесеш на ноктите повторно е психички проблем ?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Α добро ако гневот или агресивноста ја пренесеш на ноктите повторно е психички проблем ?
Би требало да е...сепак гризењето нокти е деструктивно...особено ако се случува константно...
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас до пред некоја година не ги грицкав. Ги консумирав као оброк :/
Според кажаново погоре, јас сум била неуротична персона :D

Се управив сега, а што е најинтересно имам многу убави ноктиња бе, цврсти и бели како со бело моливче да ми се боени :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Од кога знам за себе си грицкав нокти. Пред 6 години престанав, не знам како, едноставно се случи. Минатата година отприлика во октомври месец пак започнав, кој знае од која причина. Еве веќе месец/2 не ги грицкам и се надевам дека конечно ќе се одвикнам. Кога ќе размислам, не сум имала некоја потреба од грицкање само при нервоза или агресивност, туку постојано без разлика како се осеќам и што и да правам. Повеќе како несвесна навика, додека да сфатам што правам, they were gone.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Грицкањето на ноктите, како и откорнувањето на кожата околу ноктот, обично се смета за знак на нервоза. Но, најновото истражување покажало дека негативните мисли и непријатноста немаат врска со тоа, туку дека станува збор за сосема спротивната причина.
Грицкањето на ноктите е репетитивно однесување, како и отстранувањето на кожата околу ноктите или играње со прамен од косата. Но, оваа навика нема никаква врска со нападите на нервоза и непријатното чувство, туку со нешто многу поедноставно и попозитивно.

До ова откритие дошло неодамнешното истражување спроведено врз 100 испитаници кои биле склони кон грицкање на ноктите. Испитаниците биле ставени во различни ситуации кои во нив требале да предизвикаат различни емоции, како стрес, опуштеност и здодевност.

За да кај нив развијат негативни и непријатни чувства, на испитаниците им биле пуштени филмови за авионски несреќи и природни катастрофи, а потоа ги префрлиле на снимки од природата и животинскиот свет чија цел била да ги опушти. Ниту една од наведените ситуации не ги навела испитаниците да почнат да ги грицкаат ноктите.

Но, кога им задале задачи кои биле најавени како едноставни, но всушност се покажале прилично тешки, речиси сите испитаници за време на размислувањето, ја вратиле нивната лоша навика. Истата работа се случила кога биле оставени во просторија сами, без никакви знаци и интеракција.

Научниците заклучиле дека причината за тоа е перфекционизмот. Имено, во моментот кога личноста која е склона кон грицкање нокти потоне во длабоки мисли, во желба да реши некои проблем или задача, репетитивното однесување излегува на површина. Истата реакција кај нив ја предизвикала и здодевноста.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па појасно и поточно објаснето нема ,во потполност се сложувам со ова ,а навиката само останува тоа да се практикува и за најмала ситница !
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Пред една год доаѓав до степен да немам нокт, едвај работев. Не велам не тешки период беше..
За среќа за кратко време се овикнав. Мислам дека најмногу од "мавање" по раце од браќава и дечкото, а после некако само по себе. Кога ќе ми текнеше што правам ќе си речев какви работи се кријат под ноктите а ти в уста ..
Има период од 2-3 месеци пак гризам и нокти и кожа и пак си викам штетно е ама сеа мијам раце нон стоп.. нон стоп. дури сега од ко прочитав некој работи се свестив дека баш и е поврзано тоа. Ако сакам да гризам нокти ќе мијам раце би дошло моево гледиште..
Најмногу ме фаќа криза за гризење кога учам а не можам да се сконцентрирам и најмн пред спиење кога мрачни мисли идат...
Нема психичко пореметување веч она "немај работа, грицкај нокти" :zelen