Овошна торта
За Фил:
Ситно исецкајте банана,кива,јаболко,парчиња калинки и ореви(може и мелени оревите)
Измешајте со малку мед и 10 супени лажици млеко,по желба и мелени бисквити
За смеса:
чоколадо во зависност колку фил имате направено
од сите по една овошка=200гр чоколадо+2чаши топло млеко.(заедно ставете ги на оган додека да се стопи чоколадото)
Излупете еден портокал, и мнооогу ситно исецкајте го па додајте го во смесата
Откако ќе го направите ова ставете ред фил, ред чоколадо со портокал
Потоа оставете го во фриждер додека чоколадто не се здрви.
Откако ќе го извадите:
Прелијте со шлаг пена, и парчиња мандарина.
Совет:Ако сакате можете да му додадете и други овошја!