Торти што не се печат

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Јас да си прашам. Видов на 24 Kitchen рецепт за чиз кејк торта која не се пече, ама не бев во можност да го следам, па ако некој има би била пресреќна доколку го сподели :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас да си прашам. Видов на 24 Kitchen рецепт за чиз кејк торта која не се пече, ама не бев во можност да го следам, па ако некој има би била пресреќна доколку го сподели :D

Ја колку што знам чизкејк америве велат за сите торти што не се печат. Прогуглај нешто cheesecake recipe ќе ти излезат куп резултати.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Ја колку што знам чизкејк америве велат за сите торти што не се печат. Прогуглај нешто cheesecake recipe ќе ти излезат куп резултати.

Абе има и многу шо се печат. Среќа вечерва го начекав истиот рецепт реприза и си запишав. Ќе чека ред сега :D
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Јас да си прашам. Видов на 24 Kitchen рецепт за чиз кејк торта која не се пече, ама не бев во можност да го следам, па ако некој има би била пресреќна доколку го сподели :D

Чисто онака, основата на чизкејкот можеш да ја направиш од бисквити, путер и шеќер и цимет. Бисквитите ќе ги искршиш силно ( не мелени, туку кршени, ќе ги ставиш во кеса и со сукало, најлесно :) ), го додаваш путерот и шеќерот и ги ставаш во калапот за чизкејк па потоа во замрзнувач минимум 20 минути. :) Исто може да се направи од варен гриз, ама така е полабава основата :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Повели :)
Торта со пудинг и бисквити
Потребно:
2 пудинзи од чоколадо ( може и со друг вкус)
800 g бисквити
1литар млеко
Пудинзите се варат со дел од млекото ( се пишува на паковката од пудингот), па се оставаат да се подизладат малку настрана. Бисквитите се макаат во останатиот дел од млекото и се реди ред бисквити-ред пудинг. Откако тортата ќе биде готова, се остава да се стегне.
Може и со оние пудинзи кои не се варат?
Во вид на мус?
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Може и со оние пудинзи кои не се варат?
Во вид на мус?

Мислиш на оние пудинзи кои веќе се сварени,готови што можеш да ги купиш од маркет? -Да , може. Иако мене највкусна ми е со шлаг пена/хопла и многу овошје :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мислиш на оние пудинзи кои веќе се сварени,готови што можеш да ги купиш од маркет? -Да , може. Иако мене највкусна ми е со шлаг пена/хопла и многу овошје :)
Не,овие не се варат туку се прават со ладно млеко.
Исто така во прав и само се микса,за три мин.имаш пудинг крема.
Во секој случај купив состојки за песочната торта прво.
Ме измами насловот.:)
Ќе ти постирам слика.
Thanks :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

MimeQueen

Полноправен Член
13 јануари 2014
86
41
18
25
Овошна торта

За Фил:

Ситно исецкајте банана,кива,јаболко,парчиња калинки и ореви(може и мелени оревите)
Измешајте со малку мед и 10 супени лажици млеко,по желба и мелени бисквити

За смеса:

чоколадо во зависност колку фил имате направено
од сите по една овошка=200гр чоколадо+2чаши топло млеко.(заедно ставете ги на оган додека да се стопи чоколадото)
Излупете еден портокал, и мнооогу ситно исецкајте го па додајте го во смесата

Откако ќе го направите ова ставете ред фил, ред чоколадо со портокал
Потоа оставете го во фриждер додека чоколадто не се здрви.
Откако ќе го извадите:
Прелијте со шлаг пена, и парчиња мандарина.


Совет:Ако сакате можете да му додадете и други овошја!