Со поимот ѓавол се мисли на зло,нанесена неправда на нешто кое човек мисли дека е исправно.
Често ѓаволот се смета дека на луѓето им прави или ги насочува кон некоја неправда која ќе резултира со болка,загуба и агонија на страдање.Тесно е поврзано со емотивната состојба кон самите себе и своите ближни,како цврста врска која ако се скине доаѓа до очај при што се бара виновник,па во таа немоќ ѓаволот е најсоодветен одговор за причинител.
Во принцип тој ја има истата улога на некаков бог кој има обратна улога кога за некој позитивен настан се бара причинител кон кого би се упатило благодарност.
Се е суета,па ѓавол и бог се наши внатрешни ривали преку кој сакаме да ги оправдаме или обвиниме резултатите од нашите постапки кој понекогаш несвено т.с. како поим за човек и што тој треба да преставува сме ги преземале од семејното,религиско и општествено учење сме ги зациментирале и ги сметаме за исправни.
Убаво го прикажа ѓаволот.
Проблемот ако може да се нарече проблем е во тоа што се уште постојат луѓе кои веруваат дека ѓаволот постои надвор од нив.
Некаде во подземјето или пак се појавува после смртта.
Некои веруваат дека парите се ѓаволот,како во постот горе.
Факт е дека ѓаволот е во нас. Самите ние го ствараме ѓаволот и го храниме да стане помоќен и незнаејќи дека самите сме причина за неговото присуство во нас.
Дали може комшијата да е ѓаволот?
Дали може кредитот да е ѓавол?
Дали сопругот или сопругата се ѓаволот?
Не.
Ни еден од нив.Само ние.