Сакам да кажам/Сакам да прашам

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ако сакаш принсткрин да ти направам да се увериш дека ја отвора.
Не,не,ти верувам јас :D ама не знам што е проблемот што кај едни отвара а кај други не.А баш сакав да разгледам некоја книга (worried)
 
parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Сдк 1 незнам појма за какфо отфарање и затфање праите муабет, ама супер е, направисте промају и дуфка овј вечер
Сдк 2 овој лето форум ни е поактиф од лани летоска за нову годину : )))

A Сдп да не Ви смета што пишују куманофски ? ја да си прашам, зшто знам литературно, кажите кe почну да пишују литературно
Сдк 3 Чао киду да шетам , сан ис шајнинг д ветр ис сфит
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да бапнам сега еден филозофски одговор:
Сите ние имаме 4 животи.
Еден за домашните, еден за надворешните и еден за тие што не не познаваат и еден кој вистински го живееме
***
Мене ме оженија за германка што дошла во соседната куќа на колешката. Потоа друга колешка имала комшивка шо била (полувлаинка) и ме местеше за неа (пошо сум бил полувлав). Потоа колешката се зафилма и ме замисли како нејзин зет.

Барем за арно те оговараат. Јас само дознавам од шо сум бил болен...
 
Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Има ли апликација за андроид за роаминг разговори која не и е потребно интернет за работа ?
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Еве како и секој ден ќе си дремам на нет до раните утрински часови ко божем да ме фати дремка, ама нит ме фаќа нит бутур.
Како што често ми недостигаат луѓе или места, почна ептен да ми недостига времето кога место на нет или пред телевизор, времето го поминував пред книгата. Си имав оформено некој мој свет и уживав додека од некоја страна ги демнев главните ликови кои секогаш ги поврзував со некој што го знам. Зависно од карактерот. Никогаш нема да заборавам како се восхитував на медицинските способности на Доктор Офболи, колку уживав во авантурите од 35 Мај, ужасно му љубоморев на Зоки Поки што го пуштаат да иде сам на одмор и што има баба на село, плачев како бебенце кога ми умре еден од најдобрите пријатели-ликот во Децата од Павловата улица, им се лутев на малите луѓе зошто не го сакаат Гуливер, потајно се надевав дека ќе се појави мојата близначка како онаа во Двојната Лота, се грижев за дедото на Хајди, во еден здив ги читав и се восхитував на авантурите на Том Соер и Халкбери Фин, плачев за Чичко Том....
И никаде не сретнав желба и потреба за материјални работи. Само потреба за сродна душа, за еден добар пријател. Кој за жал остана да собира прашина во книгите кои секое дете треба да ги прочита...
Не дека не можам да ги читам пак, ама исчезнаа местата, избледија боите. Ништо не остана.
Затоа и ми недостига!
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хоуп* истото можеш да го правиш со карактерите од овде.
Запознаваш интересни луѓе,сродни-несродни души,учиш нови работи од нив,те мотивираат,те инспирираат.
Секој од овие луѓе има свои карактеристики,свои сфаќања на животот и е на свој начин посебен.
Нема два исти карактера.
И ова е некој мал свет кој го имаш во својата соба пред себе.
Виртуалниов свет е нов начин за дружба,за изразување на креативноста и слично.
Се среќаваш со луѓето и ги имаш како пријатели или ако не ти се допаѓа да ги имаш во близина не е битно.
Само што времето поминато на форум би требало да може да се контролира.
Би можело да се уведе тајминг:)
Саат време навечер/насабајле и то ти је:D
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Готоо со праксите. Од сега сум слободен...е добро де, не сум треба да учам, ама барем не морам по жешчиниве да кмишам на факултет у лабораторија.

Ах да, вечер ќе си посвирам и за некој ден да одам да средам за лична карта и да се скарам пак со теткицата у МВР што за печатна грешка рестартира компјутер и што по 8 пати го мести апаратот по грешка.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
.... Фази во животот.

Фази и се. Сега еве рецимо ко што вика Lena дека е фазата наречена трошење време на нет, утре ќе биде друго. Ма колку и да била претходната прекрасна. Здосадува, се јавува желба за ново. Заситува зачмаеноста. И не. Не е тоа дека здосадува. Туку мислиш дека порано било убаво. Само почни да се враќаш на претходната постара фаза. Пак за кратко време ќе осетиш дека не е тоа тоа. Тогаш тоа беше сосема нов свет. Денес не е повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Хоуп*

Можеби и така е, само ете мене ми недостига. Нека не е фазата, нека е чувството. Сега не можам да го имам, па ни најмалку на нет или тука да си создавам светови како тогаш. Тогаш имав нешто што немам сега. Детство : )
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Хоуп* истото можеш да го правиш со карактерите од овде.
Запознаваш интересни луѓе,сродни-несродни души,учиш нови работи од нив,те мотивираат,те инспирираат.
Секој од овие луѓе има свои карактеристики,свои сфаќања на животот и е на свој начин посебен.
Нема два исти карактера.
И ова е некој мал свет кој го имаш во својата соба пред себе.
Виртуалниов свет е нов начин за дружба,за изразување на креативноста и слично.
Се среќаваш со луѓето и ги имаш како пријатели или ако не ти се допаѓа да ги имаш во близина не е битно.
Само што времето поминато на форум би требало да може да се контролира.
Би можело да се уведе тајминг:)
Саат време навечер/насабајле и то ти је:D
За карактер мислев на некој лик од книгата. Пример дедото со долгата брада, па јас си го замислувава комшијата кој исто е стар и има долга брада, па лошото дете беше исто лошото дете од мојот клас и тн..
И да, сакав да читам од комедии до трагедии. Тука го имам тоа на кило, ама не е тоа тоа.
А можеби и е, што знам чим сум тука секој ден по цели денови и ноќи. И ова некогаш ќе ми буди убаво чувство кога ќе се сетам и ќе ми недостасува..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena