Не,не,ти верувам јасАко сакаш принсткрин да ти направам да се увериш дека ја отвора.


Не,не,ти верувам јасАко сакаш принсткрин да ти направам да се увериш дека ја отвора.
Да бапнам сега еден филозофски одговор:
Сите ние имаме 4 животи.
Еден за домашните, еден за надворешните и еден за тие што не не познаваат и еден кој вистински го живееме
***
Мене ме оженија за германка што дошла во соседната куќа на колешката. Потоа друга колешка имала комшивка шо била (полувлаинка) и ме местеше за неа (пошо сум бил полувлав). Потоа колешката се зафилма и ме замисли како нејзин зет.
.... Фази во животот.
Можеби и така е, само ете мене ми недостига. Нека не е фазата, нека е чувството. Сега не можам да го имам, па ни најмалку на нет или тука да си создавам светови како тогаш. Тогаш имав нешто што немам сега. Детство : )Фази и се. Сега еве рецимо ко што вика Lena дека е фазата наречена трошење време на нет, утре ќе биде друго. Ма колку и да била претходната прекрасна. Здосадува, се јавува желба за ново. Заситува зачмаеноста. И не. Не е тоа дека здосадува. Туку мислиш дека порано било убаво. Само почни да се враќаш на претходната постара фаза. Пак за кратко време ќе осетиш дека не е тоа тоа. Тогаш тоа беше сосема нов свет. Денес не е повеќе.
За карактер мислев на некој лик од книгата. Пример дедото со долгата брада, па јас си го замислувава комшијата кој исто е стар и има долга брада, па лошото дете беше исто лошото дете од мојот клас и тн..Хоуп* истото можеш да го правиш со карактерите од овде.
Запознаваш интересни луѓе,сродни-несродни души,учиш нови работи од нив,те мотивираат,те инспирираат.
Секој од овие луѓе има свои карактеристики,свои сфаќања на животот и е на свој начин посебен.
Нема два исти карактера.
И ова е некој мал свет кој го имаш во својата соба пред себе.
Виртуалниов свет е нов начин за дружба,за изразување на креативноста и слично.
Се среќаваш со луѓето и ги имаш како пријатели или ако не ти се допаѓа да ги имаш во близина не е битно.
Само што времето поминато на форум би требало да може да се контролира.
Би можело да се уведе тајминг
Саат време навечер/насабајле и то ти је![]()