Чет муабети (ти реков-ми рече)

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Колку и да е напишано јавно,сепак мислам дека би требало да се има барем мало почитување према нечиво мислење.
Што е толку тешко за контрадикторноста да прашаш на профил или приватна порака?
И зашто некој мора на тебе или кој било друг член да ви објаснува што сакал да каже?

Епа ете некого му се блокирани приватните и профилот (пример мене) и како би прашал? Затоа што мене пример би е битно да знам со кого дискутирам на форум или било каде и секој детал ми е важен за да створам слика за некого.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Е ова е до негов избор дали би им објаснувал или не. Или да го кликне копчето пријави или не. А ако секого сега го контролираме и воведуваме правило за нецитирање во исповедните теми, ништо нема да се случи. Сепак еве јас и ти можеби и ќе го почитуваме правилото, некој може не. А да се добива негативни поени за секоја ситница ми е бесмислено. Речи ја исповедта као нешто крупно за еден човек но за мноштвото не претставува некоја голема работа. Секој како ги перцепира работите различно. Затоа викам ако цитираниот осеќа претензии дека ќе биде истролан, си има избор на копчето Пријави.
 
Или може да се направи на Тошо и нема да биде истролан. И волкот сит и овците џедаи. :D
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Епа ете некого му се блокирани приватните и профилот (пример мене) и како би прашал? Затоа што мене пример би е битно да знам со кого дискутирам на форум или било каде и секој детал ми е важен за да створам слика за некого.

Е па ако некој ги блокирал и приватните и профилот,барем според мене сака да си ја заштити приватноста,тогаш зошто воопшто би го прашувала што сакал да каже за пост пишан во тие две теми. Мене тоа ми е банално.

Кога сме веќе кај блокирањето,еве на пример мене не ми е јасно зошто модератори си ги блокираат и приватните и профилот?
Зар тие не би требало да бидат достапни во случај некој член да сака да им се обрати за нешто,а да не мора да го пише јавно?

Едит:

Е ова е до негов избор дали би им објаснувал или не. Или да го кликне копчето пријави или не. А ако секого сега го контролираме и воведуваме правило за нецитирање во исповедните теми, ништо нема да се случи. Сепак еве јас и ти можеби и ќе го почитуваме правилото, некој може не. А да се добива негативни поени за секоја ситница ми е бесмислено. Речи ја исповедта као нешто крупно за еден човек но за мноштвото не претставува некоја голема работа. Секој како ги перцепира работите различно. Затоа викам ако цитираниот осеќа претензии дека ќе биде истролан, си има избор на копчето Пријави.
Е па вие сте тие што треба да ги одредите тие ситници.
Вие сте тие што ги одредувате правилата.
Тоа што за вас е ситница,може за друг не е.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Кога сме веќе кај блокирањето,еве на пример мене не ми е јасно зошто модератори си ги блокираат и приватните и профилот?
Зар тие не би требало да бидат достапни во случај некој член да сака да им се обрати за нешто,а да не мора да го пише јавно?

E да си ми жива и здрава. Јас одамна го поставив тоа прашање ама веројатно Меркур бил во соѕвездието Стрелец па никој не ми одговори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rêveur

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Е па ако некој ги блокирал и приватните и профилот,барем според мене сака да си ја заштити приватноста,тогаш зошто воопшто би го прашувала што сакал да каже за пост пишан во тие две теми. Мене тоа ми е банално.

Кога сме веќе кај блокирањето,еве на пример мене не ми е јасно зошто модератори си ги блокираат и приватните и профилот?
Зар тие не би требало да бидат достапни во случај некој член да сака да им се обрати за нешто,а да не мора да го пише јавно?

Едит:

Е па вие сте тие што треба да ги одредите тие ситници.
Вие сте тие што ги одредувате правилата.
Тоа што за вас е ситница,може за друг не е.

Е па затоа постои и копчето „пријави“. Сеа ако ние треба нон стоп да имаме задача да прегледуваме нечие исповедување како и цитирањето до него, без притоа да биде назначено дали членот бил навреден или не, ние не потегнуваме никакви акции. Што сме ние па тука да изиграваме велики брат и да правиме пресумпција за нешто што не иде? Постовите иако откако се пишани, се сопственост на форумот, сепак тој што ги напишал има право да се жали ако некои од нив се злоупотребени како навреда. Оттука и копчето „пријави“ си ја има функцијата.
За првото, зошто модератори си имаат заклучен профил, првично е затоа што и тие се членови. Иако понекогаш ми е смешно тоа, но во последно време ми е се` повеќе јасно зошто некои ставаат т.н. слоеви на заштита. Еве конкретно не тука, туку на друг форум, модераторите се нон стоп на удар од пријави, бабадавчења, кукања дали преку ПП или на профилна. И имаат право некогаш да си ги исклучат на одредено време додека не се олади работата. И на крај, модераторите се по доброволна база тука.
 
Токму на тој друг форум,како не се буните за банови од тема во стилот на личен дневник и љ.исповедувалница?
Колку е тоа одредено време,на некои постојано им е така.
И на крај краева зошто сте се нафатиле за модератори ако ви е тешко да одговарате на пријави,или пораки?
И за вас постои копчето игнорирај,или не?
Освен бришење мислења,спојување теми,делење казнени поени,зар и другово не спаѓа во ваши должности?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
1.Токму на тој друг форум,како не се буните за банови од тема во стилот на личен дневник и љ.исповедувалница?
Колку е тоа одредено време,на некои постојано им е така.
3.И на крај краева зошто сте се нафатиле за модератори ако ви е тешко да одговарате на пријави,или пораки?
И за вас постои копчето игнорирај,или не?
4.Освен бришење мислења,спојување теми,делење казнени поени,зар и другово не спаѓа во ваши должности?

Се бунат... Не си била на собиранките таму, поготово со модератор од Општи или ЉиС по колку кукања им пристигнуваат на ден преку профилна а да не зборам за ПП.
2.За одредено време, тоа е правило на избор. Тука прашајте ги нив посебно. Еве тагнете ако не наоѓате друг начин.
3.Модераторството е придонес за подобро работење на форумот како и правилна флуктуација на мислењата. Иако секогаш има скршнување вон контекстот (оф топици), некогаш се повеќе од потребни таквите. Инаку, да... постои истото копче „игнорирај“. Создадено е за да некогаш се користи при премногу вжештена ситуација каде и членот а особено модераторот, имаат потенцијал да ја уништат дискусијата. Механичкото игнорирање понекогаш е лек доволно додека не се смират страстите.
4. Па и отворањето на нови теми, дискутирањето на истите... Само ако сме презафатени со исправање на криви дрини и гледање на ситници додека моментално имаме желба да дискутираме/отвориме нова тема, кај би го нашле крајот?
 
И кукањето на вашите профили и пораки е дел од вашата работа.
Како не се буните дека и таму на тој форум не смее да се цитира на тие теми?
Некако имам впечаток дека модерторите сте најмалку активни во дискусии и отварање на теми, освен еден или двајца што сте поредовни.
Некој ги нема со месеци,ќе пишат едно мислење или две и толку.
Едит повторно:
Извини,ама правила флуктуација?
Не ми е јасно?
http://www.makedonski.info/search/флуктуација
Ако е нешто е променливо како е правилно?