Според мене човекот математички го изразил поимот време се со цел да не загуби перцепцијата за брзината на промените во неговата околина. Времето е всушност нешто кое човекот во минатото го зел како есенцијална компонента за егзистенција.
Од друга страна пак, не верувам дека времето може да се одреди со специфична дефиниција бидејќи е доста релативна работа.
Плус, и ако се гледа од повеќе различни гледишта, постои и т.н. длабоко време.
Имено, се користи за одредување на староста на Земјата и комплетниот тек на нејзината еволуција. Еве еден пример за како подобро да се сфати: Ако целосната, да речам - должина на тоа длабоко време, го замислиме како нашата рака од рамото до врвот на ноктите, тогаш последните неколку века можат да се отстранат со само еден потег од турпијата за нокти.
Сметам дека и ова води до првите две реченици кои ги напишав погоре.