Колку финансиските проблеми го убиваат достоинството кај луѓето?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
По денешната случка, малце размислувава на оваа тема.
Комшии и наши далечни роднини пред неколку години беа угледна фамилија, сите вработени... Синот беше телохранител на еден наш политичар, а мајка му и татко му вработени во државни установи на добри позиции.
Живееа на висока нога. Не знам што се деси, пред година до две изгубија се што имаа, останаа без работа, продадоа се што имаа, дури и едниот спрат од куќата во која живеат сега.
До пред некоја година немаше ни во сон да верувам дека ќе дојде време мене, да ми побара 100 денари на заем за да си стави кредит дечкото од семејството за кое ви кажувам, или фамилијата што беше 10 нивоа финансиски повисоко од нашата, да бара од нас, а и од пола град пари за леб, или да собираат стари штици и било што за огрев да ја поминат зимата...

Ова е само една на кратко, од многуте случки каде парите и нивниот недостаток го убиле достоинството кај човекот.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Во денешно време многу ретко и` се дава реално значење на парата. Според твојот случај погоре - комшиите да не зборам криво но преку ноќ ги стекнале тие подобности за да и преку ноќ ги изгубат. Лошата работа тука е што тие веднаш прејдоа на висока нога, наместо порационално да размислуваат. Сеопшт проблем е кога некој брзо стекнува матерјални средства е „проколнат“ и брзо да ги потроши. Затоа што ни самиот не е свесен за реалната слика во високите кругови.
Да се биде некој во вискиот дел на општеството не значи само да се поседува поголемо количество на економски средства, туку и да се има умешност каде би се трошеле истите а каде не.

Колку финансиските проблеми го уништуваат достоинството е само нузпојава колку тие финансии брзо се стекнати/изгубени. Некој со помали примања може да има далеку повеќе достоинство но по стекнување преку ноќ на преголема сума, достоинството може да се промени. Зависи и тоа од која гледна точка. Истиот тој човек ќе заборави на минатиот тој, ќе стане повеќе „флексибилен“ за да арбитрира во повисоките слоеви но по одредено време кога апетитите нема да го задоволат тој се нурнува во амбисот наречен расипништво. Тогаш кога се враќа на истото рамниште каде бил предтоа, тој е фактички истиот човек само што го нема оноа достоинство што предтоа го имал и ќе му треба ѓаволски многу време а и живци за да поврати барем дел од истото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and Arkantos

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да, јасно е како ги стекнале и изгубиле парите.
Да ги оставиме нив на страна, мислам дека со секој недостиг на пари, а посебно онаму кај што не можеш без нив, како пример да платиш сметки, кирија или да купиш храна, без разлика на каков живот си бил навикнат и колкави ти биле примањата, забораваш на достоинството.
Не е само за човек да се врати на стариот живот после пад и губиток на пари, него и за чиста егзистенција, колку човекот пази на своето достоинство кога дома го чекаат 3 гладни усти и неплатени сметки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Немаштијата секогаш го убива достоинството. Заедно со социјалниот живот, надежта за иднината а често и човечноста.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
По денешната случка, малце размислувава на оваа тема.
Комшии и наши далечни роднини пред неколку години беа угледна фамилија, сите вработени... Синот беше телохранител на еден наш политичар, а мајка му и татко му вработени во државни установи на добри позиции.
Живееа на висока нога. Не знам што се деси, пред година до две изгубија се што имаа, останаа без работа, продадоа се што имаа, дури и едниот спрат од куќата во која живеат сега.
До пред некоја година немаше ни во сон да верувам дека ќе дојде време мене, да ми побара 100 денари на заем за да си стави кредит дечкото од семејството за кое ви кажувам, или фамилијата што беше 10 нивоа финансиски повисоко од нашата, да бара од нас, а и од пола град пари за леб, или да собираат стари штици и било што за огрев да ја поминат зимата...

Ова е само една на кратко, од многуте случки каде парите и нивниот недостаток го убиле достоинството кај човекот.

Конкретно не мене, туку на човекот што ми го има предадено неговиот занает му се има случено ова.Стар мајстор, прв во својата струка тука во Македонија.Ги има направено сите објекти, почнувајки од МТВ па се до сите познати хотели во Скопјево.
Печел занает во Русија.
Пари ненормално многу.
На почетокот живееше во трошна куќа, со неговите деца и жената.Откако стекна пари почна да се шири.Куќа на 4 спрата, автомобил за секое дете.За него.За жената.Скутери, мотори, глисери.Луксузни одмори.Отвори своја фирма во која што јас му бев прв вработен.Максимално ме тортурираше и со потсмев ми ги даваше чесно заработените пари.Јебига таков карактер имаше.А многу вреден човек.И неможам да кажам лош збор, ми има дадено занает.Навистина ме учеше али тогаш си викав јзк такви пари кога ме малтретира како гомно.
Направам ли грешка фрлаше по мене со што стигне.
Направи квалитетен кадар по таа струка.Он прекина да работи.Почна да оди по курви, казина, да пие алкохол секојдневно.Стана хроничен алкохоличар.Жена му се разведе од него.Децата се откажаа од него.Го фрлија на улица.Буквално живееше на улица.
Ги знаеше сите политичари, јавни фаци, пеачи, всушност он беше тој што на сите тие им ги имаше направено домовите со гипс картон.
Кога го видоа како оди бос, искинат и спие пред ГТЦ сите му се смееја и го понижуваа.Ми се јавуваа мене да ме прашаат дали скренал со мозокот од што има премногу пари или навистина нема пари.

За да му ја задржам честа реков дека има психички проблеми.Последните година дена му плаќав кирија во еднособен стан.Го чував како да е мој татко.Без разлика на се, тој секоја пара што ќе му ја дадев ја трошеше на алкохол.
Почина заради прекин на работата на срцето.И тоа покрај вардар, ѓон пијан.

Во тој исти период и јас видов малку слатка пара, па почнав да се млатам исто како него.Ама малку помодерно.Без алкохол.
Откако видов што му се случи, ставив прст на чело.Чекај малце Шмекси, гледај што му се случи.

Како човек од нула, може да успее да има се'.Да нахрани гладна фамилија и да им ги даде сите можни услови за живот.И тоа од оние луксузните.И на крај да заврши мртов покрај кеј.Без денар во џебот.Без куќа, без фирма, без образ.

И по мое, можам само да кажам дека тоа само го можат луѓето со ситна душа.Што се вели, во моментот има пари и ги фура сите пари максимум.На работи што никогаш во животот што не успеал да ги направи, тој успеа да ги направи во рок од една година откако спечали милиони.
Почина на 56 години.

Неговите деца пропаѓаат.Продадоа се' што им купи, вложуваа во недвижнини кои и сами знаеја дека нема да им остварат профит.Живеат под кирија.Тројца со плата од 5.000 денари.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Парите го убиваат човекот, па не неговото достоинство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
достоинствено го поднесиле падот во животот и продолжиле да се борат понатаму - е тоа го ценам и почитувам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: the.boy

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Или пак, колку луѓето се заслепени од хартиените книшки, наречени пари. И ако достоинството го изгубиш откако снемаш пари, значи достоинството и од тоа се состоело, од финансиите. :)
Луѓето се' повеќе се горди на она што имаат во џебот, отколку во умот и душата. Зборам за екстремности, не велам дека без пари може да се опстане.