Континентите во Светот

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Европа
Азија
Австралија
Јужна Америка
Северна Америка
Африка
Антарктик

Сте патувале ли на друг континент?
Што ви се допаѓа на тој континент а што не?
На кој континент би живееле и зошто?

Топ 10 интересни факти за Европа



Многу жители на Европа не се запознаени со сите факти поврзани со Стариот континент, додека Американците не се сигурни дали Европа воопшто е континент или, пак, држава.

Европа изобилува со историски, географски, културни и останати занимливости, меѓу кои и дека тука се наоѓа најмалата држава во светот, но и најголемата, како и дека најголемите светски империи настанале токму во Европа. Уживајте во интересните европски факти кои ги подготви сајтот топтенз.нет.

10. Истанбул – град на два континенти

Уште во античко време, магичниот Истанбул ги обединил Азија и Европа преку Босфор. Овој неверојатен град, без сомнеж, е едно од најубавите места во светот. Истанбул е единствена метропола која лежи на два континенти. Исто така, беше и европска престолнина на културата во 2010 година. Низ историјата, овој град бил престолнина на многу империи. Наполеон Бонапарта еднаш рекол “Ако Земјата е една држава, нејзината престолнина би била Истанбул“. Ако размислувате да појадувате во Азија, а да ручате во Европа, тогаш Истанбул е идеалното место за вас.

9. Најпознати активни вулкани во светот

Етна е најголем европски активен вулкан. Висок е 3.350 метри, а се наоѓа на југот на Италија, на Сицилија. Најголемиот вулкан во Европа, всушност, е еден од најактивните вулкани во светот. Етна еруптираше и лани. Ерупциите на овој вулкан се документирани уште во античко време, 1.500 години пред новата ера.

Стромболи е, исто така, еден од најактивните светски вулкани. Претставува еден од осумте Липарски острови – вулкански архипелаг во Тиренско море. Според некои експерти, Стромболи е единствен активен вулкан на европско копно.

Везув во Италија, најпознат по својата ерупција што целосно ги уништи Помпеја и Херкуланеум, последен пат се разбуди пред 67 години, во 1944 година.

Ватнајекидл на Исланд е најголем европски глечер под чиј мраз се наоѓаат најмалку седум вулкани.

8. Најголемата и најмалата држава во светот

Европа е дом и на најмалата држава на светот, Ватикан, како и на најголемата, Русија. Иако Кина е држава со најмногу соседи (15), Русија е веднаш зад неа и се граничи со 14 држави. Бразил е на трето место (10). Руската територија зазема 17,098,242 квадратни километри (земја 16,377,742 км2; вода 720,500 км2), додека Ватикан зазема само 0.44 километри квадратни. Градот-држава Ватикан се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО и е единствено место кој со еден град претставува цела држава.

7. Среќни гробишта во Романија

Гробиштата се тажни места, но тие можат да бидат интересни и забавни. Селото Сапанта на северот на Романија, е познато во светот по своите Среќни гробишта кои се заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство. Сапанта е голема туристичка атракција. Но, што е толку необично во врска со него? Надгробните споменици на гробиштата во ова село се во форма на големи крстови изрезбани од дабово дрво. Фарбани се рачно во живи бои како што се црвена, сина, зелена, жолта и украсени се со смешни и интересни епитафи кои го опишуваат животот и околностите под кои покојниот заминал на другиот свет. Човекот кој стои зад овој интересен концепт е романскиот мајстор Јоан Стан Патрас, кој започнал да се занимава со резбање крстови во 1935 година. Во древната романска култура, смртта се сметала како ослободување, а душата останувала бесмртна. Сапанта го зачувала овој позитивен став кон смртта и ја дочекува со насмевка.

6. Статуата на слободата е направена во Франција

Познатата Статуа на слободата, гордоста на Њујорк и на САД, ја дизајнирал Фредерик Бартолди. Малку Американци знаат дека неокласичната скулптура е направена во Франција и дадена на САД како пријателски подарок. Александар Густав Ајфел, брилијантен француски инжинер кој стои зад Ајфеловата кула, ја направил челичната рамка околу Статуата на слободата. Статуата е висока околу 93 метри, а седумте краци на круната ги претставуваат континентите во светот.

5. Европа – значење на зборот

Според античката грчка митологија, Европа била преубава феничанска принцеза – ќерка на Агенор, феничански крал во Либан. Зевс се заљубил во Европа, па одлучил да се појави пред неа како величествен бел бик за да ја добие нејзината доверба. Тој ја однел принцезата на Крит каде Зевс се покажал во својот сјај. Кралот на боговите и Европа имале три деца – Сарпедон, Минос и Радамантис.

Од етимолошка гледна точка зборот “Европа“ доаѓа од старогрчкиот јазик и значи “широко“, “широко гледано“, “широк аспект“.

4. Медитеранот бил пустина

Во последните 40 години пронајдени се докази дека Средоземното море (Медитеранот) често пати пресушувал во минатото. Неверојатната приказна за ова откритие ја раскажал во 1982 година Кенет Ј. Хсу во “Медитеранот бил пустина.

3. Најголеми империи

Повеќето најголеми историски империи се основани во Европа. Британската империја во еден момент била најголема империја во светот. Покривала повеќе од 36 милиони квадратни километри со популација меѓу 480 и 570 милиони луѓе. На врвот на својата моќ се зборувало дека “Сонцето никогаш не заоѓа“ оти тоа секогаш светело на различна страна на царството. Империјата покривала една четвртина од земјината површина. Останати значајни европски колонијални сили се Шпанското царство, Руското, Француското, Португалското царство, Римското...

2. Најдолги имиња

Подгответе се за најдолгите официјално запишани имиња. Тешко дека некој може да се натпреварува со Taumatawhakatangihangakoauaotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu: маорски назив за рид во Нов Зеланд.

Името на едно село во Велс во Обединетото кралство содржи 58 букви и е најдолго официјално име на место од еден збор. Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch значи “Црква на Дева Марија во празнина на бел лешник близу брзата вода и Црква на свети Тисилија од црвена карпа“. Пократката верзија на името е Llanfairpvllgvyngyll.

Постојат уште неколку необични имиња Äteritsiputeritisipuolilautatsijänkä – место во Финска, Siemieniakowszyzna во Полска и Newtownmountkenneds во Ирска.

1. Големата преселба на народите

Големата преселба на народите е можеби еден од најпознатите факти за Европа. Големата преселба е миграциски период во историјата кога различни племиња ја преплавиле Европа. Првата фаза на преселбата завршила околу 500. година пред новата ера, кога германските племиња (Франци, Готи, Саксонци, Вандали, Ломбарди...) воспоставиле свое кралство во централна, западна, источна и југоисточна Европа. По овој период следува вториот миграциски бран, од околу 500. до 700. година пред новата ера), односно преселба на словенските народи.

Инвазијата на Авари и Бугари, муслиманското освојување на Сицилија, инвазијата на Унгарците и Викинзите, исто така, се значајни моменти во европската историја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Hexasto

maculka

Полноправен Член
24 февруари 2012
60
89
18
не сум била до сега на друг континент али би сакала да ја прошетам азија,двете америки па австралија а за живеење би си останала тука во европа
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
Не сум била
Најмногу би сакала Северна и Јужна Америка да ги посетам
За да се одлучам за живеење треба прво сите да ги прошетам па после :D
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас би сакал Јужна Америка да ја посетам, а и зошто да не живеам. Сакам тропски места.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Сум била во Истамбул и во Кушадаси, што значи дека сум била во Азија, убави се како градови, но сепак не ми оставија многу голем впечаток... :rolleyes: а би сакала да живеам во Америка, било каде, дали јужна или северна... и би сакала да го посетам Антартикот, само да го видам :)
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Европа е единствен континент во светот на кој нема пустина. :)

Иначе освен Европа други континенти на кој би сакал да стапнам е Азија и Австралија. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Еве слики од Њујорк:)

263421_209272782450490_100001033083462_646103_2210133_n.jpg

264071_209273159117119_100001033083462_646107_160337_n.jpg

253711_209273052450463_100001033083462_646106_4234490_n.jpg

262016_209273665783735_100001033083462_646111_3141790_n.jpg

253846_209273395783762_100001033083462_646109_7057580_n.jpg

261386_209273532450415_100001033083462_646110_4721157_n.jpg

254826_209273289117106_100001033083462_646108_8158210_n.jpg

261676_209273789117056_100001033083462_646112_817595_n.jpg

254891_209273929117042_100001033083462_646113_4480193_n.jpg

253881_209274082450360_100001033083462_646114_3074608_n.jpg

264296_209274242450344_100001033083462_646116_6940880_n.jpg

262231_209275012450267_100001033083462_646120_7033078_n.jpg

260011_209274395783662_100001033083462_646117_1026467_n.jpg

262626_209274562450312_100001033083462_646118_1307786_n.jpg

264096_209274812450287_100001033083462_646119_7548288_n.jpg

260301_209275199116915_100001033083462_646121_714280_n.jpg

260261_209275442450224_100001033083462_646124_4773222_n.jpg

249786_209275679116867_100001033083462_646126_3587329_n.jpg

281325_221391677905267_100001033083462_692976_2494137_n.jpg