Предлози за книги - Со кратка рецензија

filip7_doh

Староседелец
14 февруари 2012
29
35
613
30
Моја препорака: ,,ВОЛШЕБНИЧКИ - ВУДУ МЕСЕЧИНА". Особено за љубителите на серијата ,,Волшебнички,,. Ова е книга полна со мистерии, сплетки.. Секако - научна фантастика е. Инаку, иако ликовите се истите и во серијата, може да ја чита и некој што не ја гледал серијата :) ќе се вклопи лесно :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :)

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
На крајот од виножитото -Сесилија .....
Ангелот Џони -Даниела стил
Пајажина и 13 проблеми - Агата Кристи овие се така криминалистички
 
LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Сенка на ветрот-Карлос Руиз Зафон
Кога ја купував книгата продавачот ми рече дека купувам еден од најдобрите трилери некогаш напишани. Долго време ми стоеше на полицата бидејки ми изгледаше голема се додека решив да видам на што потрошив пари. Почнав и не можев да запрам.
Навистина прекрасен трилер: убава приказна, убаво опишана, секој миг и секој детаљ е доловен толку добро што те внесува целосно во приказната. Имав чувство дека сум набљудувач на местото на настанот.
Секој лик е убаво разработен, сечија приказна важна. Дури и најобичниот цвеќар или келнер се така убаво внесени што добив впечаток дека ако не биле тие тука и тогаш, приказната немала да биде таква...
Не зажалив и ни еден момент што останував до доцна навечер само за уште една страница повеќе.
Посебно ми се допадна што Зафон знаел кога е доста од заплети и е време за расплет. Можел уште многу да ја пролонгира приказната, но сепак на време е ставен крај.
Поминаа неколку месеци откако ја прочитав, но со секое ново присетување на неа јас треперам. Се уште ме држат истите чувства како кога ја читав.
Сакав да ја споделам и нејзината содржина, но се премислив. Прочитајте ја и сами откријте ја, нема да зажалите.
 
Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....

Моментално ја читам. Страшно добра книга.
 
Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
"Мемоарите на една гејша"- добра ли е оваа книга?
thumb4031457395c54e3e86e92336b8b0272c.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and ZmajChe

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ја има ли некој читано Љубовта за Ана- Иле милевски?
Најдов е-верзија, но не сум по е-книгите.
 
She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Ја има ли некој читано Љубовта за Ана- Иле милевски?
Најдов е-верзија, но не сум по е-книгите.

Најискрено да ти кажам, не ти ја препорачувам. Јас се разочарав. Слушнав дека оваа книга на второт му еден никулец, но како и да е, книгата нема никаква содржина, авторот чие изразување е средно жалосно дури и просто, прави многу печатни грешки, на некои места не знаеш кој раскажува, влегува во неповрзани теми и слично, доста беше.
Сржта на приказната е, еден млаад провинцијалец доаѓа во Скопје, изиграва некоја жртва као демек дека е од провинција не му се дава шанса никаква, ја гледа Ана, демек се вљубува во неа и ја замара е правилниот збор. Во кратки црти, многу посесивен лик, многу слаб на моменти, верува во некои судбини. На крај си пука во уста. Човече, get a life!
 
emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Уличниот адвокат- Џон Гришам, ептен убава книга!!!
Куртизаната и самурајот - Лесли Даунер..убава ама досадна некако :/
http://sakamknigi.mk/index.php?opti...layout=category&task=category&id=32&Itemid=61
Еве овде има многу убави книги, од овде и гледам некогаш некои предлози и после во книжара право за да купам. И после читам 20-30 страни и ја оставам. МРАЗАМ ЧИТАЊЕ.
 
Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Дечки да ја земам Сенка на ветрот ? Глеам ја фалите, па зашто да не и ја по подолго време да земам да читнам нешто. Ако не таа, друга некоја предложете. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: fantina