Мартинки за на рака

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Мартинката се смета за знак на пролетта. Се прави со две бои црвена и бела ( црвената боја ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност). Мартинката се подарува на 1ви Март, најчесто бабите им подаруваат на своите внуци. Мартинката се носи на левата рака или закачена на облеката сè додека расцвета првото дрво (според некои верувања додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк). Потоа се закачува на дрво со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски.

Ова е древен празник уште од антички времиња.


Јас секогаш си носам мартинки најчесто купечки (мама и тато ми купуваа од друг град), 2 дома уште чувам бидејќи ми беше жал да ги закачам. (едната со бубамара, а другата со некое животинче исто.) :D Јас на мене сега ќе сплетам и ќе ви поставам слика.

Носете ли мартинки?
Ви подарува ли вашата баба мартинки?
Купувате или сами си плетете мартинки?

news_2414_1053678315%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0.jpg

martinka.JPG
martinka2.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Си носам да, до лани си купував, но оваа година се научив да плетам така да ќе си сплетам сама после и ќе си ја закачам :D немам баба, така да не ми подарува :( лани желбата којашто си ја замислив ми се исполни :D и оваа година пак ќе си замислам и се надевам дека и оваа ќе ми се исполни :mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
Caci
подари ти на некој што ти е драг.

Sarah

не не првпат слушам за обичајов. Во кој крај е застапен ?
Црвено бели кончиња даваат за празникот Водици во западниот крај на државава (Мијачкиот). Кончињата се дел од голема врвца со која е заврзан Крст со босилек два дена пред празникот. Крстот така заврзан стои во Осветена Вода и влегува во секоја отворена куќа во секое село посебно.
Кончињата се даваат за здравје, среќа и берикет, Се чуваат до следната година.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Пагански обичај е ова. Така останал уште оддамна како што пиша и самата Сара.
Иначе прв пат слушам..:unsure
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Си носам и јас хихи :D
Сега баш ќе ставам, имам купечки и јас баба не ми плете, немам време да одам кај неа :/
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Caci
подари ти на некој што ти е драг.

Sarah

не не првпат слушам за обичајов. Во кој крај е застапен ?
Црвено бели кончиња даваат за празникот Водици во западниот крај на државава (Мијачкиот). Кончињата се дел од голема врвца со која е заврзан Крст со босилек два дена пред празникот. Крстот така заврзан стои во Осветена Вода и влегува во секоја отворена куќа во секое село посебно.
Кончињата се даваат за здравје, среќа и берикет, Се чуваат до следната година.
Овој крај исто не е застапено многу (Северно-источниот крај). Во секој град е различно но оваа традиција полека се губи.

Еве ја мојата тазе сплетена.

SDC15549.JPGSDC15545.JPG
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Кај нас се носи на Летник. Всушност, тогаш се става на рака.
Ако се погодам кај баба ми, ми плети таа, ако не не ставам.
Лани и на школо правевме вакви, беше дел од еден проект кој го работевме со училишта од други земји и ги дававме на Летник заедно со флаери... Нешто ко промоција му дојде тоа...:)