Морам да те демантирам. Всушност ќе те цитирам по втор пат:после неколку месеци, прво мислење сосема случајно на оваа тема..
идеална разлика? нема идеално, идеално е она што мислиш дека е најдобро за тебе, сами си го создаваме идеалот.
понекогаш таа „идеална“ разлика во моментот изгледа така, но по неколку години можеби и нема да е толку идеална.
мојот став е дека оние преголеми разлики како 10, 15год итн итн се реално нереални,зошто?
еве пример, тој има 30 год, таа 18 океј на неа и е интересно нешто ново, возбудливо, чусвствува сигурност...тој, нормално задоволен сепак таа е 18годишњакиша.гледано од друга страна, нему веќе му е дојдено време да се скраси, да има семејство, а таа? да речеме и дека ќе се земат, поминуваат 10год. тој има веќе 40 а таа 28.што мислите, нема тогаш да и бидат најубавите години од животот а таа веќе ќе има заглавено со 3 деца од кои едното ќе биде 3одделение.не мислите дека вака се прават грешки?
на долгорочни стази, ваквите „љубови“ да ги наречам, не завршуваат славно.затоа паметот во глава! (се што лета не се јаде)
Релативна работа.... многу убав поим за да ја опише оваа ситуација.разликата е во тоа што дедо ти се оженил на 46год. додека баба ти имала околу 30год. според некои мои пресметки, така да станува збор за сосема различна ситуација, што потврдува дека секој идеал е релативна работа. а и секако треба да се напомене, биле 60те, а не 2013
Знаеш ли колку девојки на 18 години веќе се остарени бабици? Без волја за живот и без никаква преспектива?
А знаеш ли колку мажи на 40 години се се’ уште деца кои буквално сакаат да летаат како птица, и се‘ уште сонуваат дека можат да го направат тоа.
Моето мислење е... дека годините немаат врска. Апсолутно никаква. Како што немаат во созревањето така немаат ни во една врска. Се’ зависи од самите личности што се во врската.
Еве мое искуство... јас сум женет со баајѓи помлада жена. Сега за сега функционираме горе долу преубаво, со исклучоци кои ги има и во оние врски кои се двајцата партнери врсници или 2/3 години плус минус.