Некој друг линк да не си мислела да ставиш или си прочитала? Зошто не гледам дека пишува дека парадата ќе се состои од геј луѓе кои ќе шетаат со гол газ во костум од пеперутка на сред плоштад или дека ќе стимулираат секс на сред плоштад. Пишува дека ќе организираат низа настани, ќе се реализираат низа активности, а не знаеме какви ќе бидат тие. Останува да почекаме и да видиме. Или не мора ни да видиме ако не не интересира.
Па, не се одржало вакво нешто во Македонија за да знаеме како ќе се одвива. Сигурна сум дека ако се прогугла за геј парадите ќе ти излезат луѓе кои јас ти ги опишав. Инаку, јас не реков дека таква ќе биде, но гледајќи ги геј парадите во останатиот свет сум донела таква одлука. Не сакам да постирам слики, затоа што не ми се пријатни за гледање, но мислам дека знаеш за што зборувам.
Плус џабе ти е и да не те интересира, кога тоа сето е јавно и на сред плоштад. Мене животот ми е таков, од центар врвам секој можен ден, имам работи што нон стоп треба да ги вршам. И навистина не сакам да го гледам тоа.
И не ја гледам потребата. Навистина не разбирам зошто на некој хомосексуалец му е потребно моето мислење? Зошто него му е толку битно да го има одобрувањето од моја страна? Навистина не ме интересира што си прават во животот, ама она горе што ти го пишувам ме нервира. Лично, против хомосексуалците кои не замараат нон стоп со тоа колку се хомосексуалци немам апсолутно ништо против. Против сум кон оние кои одат на паради и провоцираат. Мене не ми е пријатно кога и во кафич гледам како некој не може да се контролира а е хетеро, не па геј.