Писател на тапет: Гијом Мисо

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас го обожувам Зафон и секое негово дело, иако морам да признаам дека Принцот на маглата не ми остави некој убав впечаток, напишана со лесен стил, разбирлива но со приказна која не ме воодушеви посебно. Можеби зошто станува збор за книга наменета за помлади читатели.
Марина, пак, ја сметам за дело кое го најавува пресвртот во неговото пишување, со корени на она детинестото, но сепак приказна која освојува и меѓу возрасните.
Сенка на ветрот и Играта на Ангелот ми се маестрални книжевни дела, со толку вештина и умешност напишани, те заробуваат и те тераат да се тераш да читаш, од книга да не станеш. Стилот на пишување е префинет, не толку лесен, но разбирлив. Писателот знаел кога да развлече, а кога да пресече со една реченица. Книгите изобилуваат со убави мисли, а приказните им се неверојатни.
Јас лично сум воодушевена од Зафон како писател. Треба да си вистински уметник за да напишеш нешто како Сенка на ветот и Играта на ангелот.

За неговиот приватен живот освен дека е роден во Барселона и слично, за жал, не знам многу, но затоа е тука темава : ))
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Од Зафон сум ги читал само Марина и Принцот на маглата.Марина многу ми се допадна,освен крајот.Принцот на маглата не беше баш којзнае колку добра, немаше некој добар заплет да се прашуваш што ќе се случи како,иако според она што го пишуваше на корицата имав друг впечаток за неа,и знаете кога вие очекувате едно,добивате сосем друго,не е тоа тоа.Многу луѓе ми ги имаат препорачано Играта на ангелот и Сенка на ветрот,така да прва прилика ќе се фрлам на читање.
Доживувањето за Принцот на маглата ти е такво какво што ти е од разбирливи причини. Тогаш Зафон бил се’ уште младич, и го барал точниот стил на пишување...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Прво да кажам дека ми е мило што сте го избрале Зафон прв, иако ќе дојдеше на ред сигурно, но сепак изборот е за пофалба.
Зафон ми е еден од најомилените, можам да речам и омилен. Почнувајќи од стилот на пишување, па до тоа како се изградени ликовите.
„Играта на анѓелот“ ја читав прва од трилогијата и иако тогаш не ја разбрав морам да кажам дека ми остави најголем впечаток, од ум не ја извадив додека ја читав, каде и да одев мислев на книгата и на тоа што ќе се случува. Потоа следуваше „Сенка на ветрот“ која е маестрално дело и на крај „Заточеник на небото“ која дава објаснување за „Играта на анѓелот“. Зафон си игра со зборовите на таков начин што мислам дека нема човек што не би го фасцнирал.
Прва прочитана од Зафон ми е „Марина“ која како што сте кажале погоре е пресврт.
Еве еден податок за Зафон: Му понудиле да ги напише неговите први книги (оние што се за деца и тинејџери како што е „Принцот на маглата“, „Септемвриска светлина“ итн) да ги напише однново, на малку повисок стил, да измени нешто за да бидат подобри како што се книгите од трилогијата, но тој одбил со објаснување дека не се срами од тоа што бил порано и како пишувал и дека сака луѓето да видат и да знаат како се развивал тој како писател.
Од тиа книги ја прочитав само „Принцот на маглата“ и од оваа книга не очекувајте да бидите фасцинирани како од „Сенка на ветрот“ на пример. Но, сепак е убава, мене лично ми се допадна и за оние за коие е наменета е одлична. За помладите читатели. :)
„Марина“ е книга која е пишувана во периодот „измеѓу“, но мене повеќе ми влечи кон овие подобрите книги.
Како и да е, Зафон е автор кој секогаш најтопло го препорачувам.
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Меѓу омилените. Обвиен со мистерија, не можете а да не се потресете ни малку на неговите страници. Мистерија со мала доза на хорор - фетиш. Напнати долги монолози, размислувања,.. неприкосновен писател.
Така се радувам кога имам време за читање и треба да го читам него, просто неверојатно, ко дете! Си добивам ментална авантура бре! Марина, Игра на ангелот, Сенка на ветрот, Полноќна палата, Затвореник на небото, омилени наслови.
Не знам постои ли таков љубител на пишаниот збор што после една прочитана книга од Зафон, нема да бара и друга од него. Не знам, чисто се сомневам, ама јас едвај чекам да дојдам до суфицит слободно време. Планирам сега да одам на саемот и да најдам нешто. :)
Автор вреден, ма не за читање, туку за пречитување! Има некоја способност да создаде приказна, тие заплети расплети да ги даде баш кога треба, ни страница пред или потоа. Инвентивен стил на пишување во секој случај.
Што друго да кажам, ми текна дека имам цел фолдер со белешки и цитати од него ..(nod)
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ај и јас да се изјаснам.
Како и на повеќето тука и мене Зафон ми е еден од најомилените автори.
Ме фасцинира неговиот стил на пишување.
Прва книга прочитана ми е "Марина", и е единствената што ја немам во домашната библиотека.
Книгата ме воодушеви. Има совршен слој на мистерија, и не е баш толку наивна, како првата трилогија за млади (знам дека тогаш го откривал својот стил ).
И самиот Зафон има изјавено дека "Марина" му е омилена од своите книги. Според мене токму оваа книга му е преминот од автор за млади, до овој Зафон што денес го читаме.
"Сенка на ветрот" ми е првата книга купена од Зафон. Се заљубив во книгата и во стилот на пишување. Секаде ја носев со мене, го искористував секој момент да ја читам. Барселона во '45год. Магија само по себе. Фасцинантна ми е моќта на Зафон да заведува со зборовите.
Следна ми беше "Играта на ангелот" која исто така ме остави без зборови, за на крај "Заточеникот на небото" иако навидум послаба книга (според мене, не) ја објасува цела мистерија околу "Играта на ангелот", и особено на еден лик кој е спореден во првите две книги.
Од трилогијата за млади ја имам прочитано само "Септемвриски светлини" во главно ми се допадна. Одкако ќе ја прочитам книгата што моментално ја читам, се фрлам на последните два дела од оваа трилогија. Топла препорака за сите дела на овој автор.
Едвај чекам да излезе и четвртиот дел од серијата Гробиштата на заборавените книги.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Помина недела дена, слободно пишувајте нови предлози.:)
Мој предлог повторно :D Милан Кундера.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Еј дајте бе сменете го насловов не е фер...
1. Стиг Ларсон
2. Игор Џамбазов
3. НИКОЛАС СПАРКС - ај малку да зборуваме за срцепарателни романтични приказни бе батки? Сигурен сум дека ниту еден страсен читател го нема прескокнато батево... ама сто посто сум сигурен.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Еј дајте бе сменете го насловов не е фер...
1. Стиг Ларсон
2. Игор Џамбазов
3. НИКОЛАС СПАРКС - ај малку да зборуваме за срцепарателни романтични приказни бе батки? Сигурен сум дека ниту еден страсен читател го нема прескокнато батево... ама сто посто сум сигурен.
За Спаркс можам да ти пишам цел докторат или може кратко сиже во една реченица. Пошо као помлад адолесцент му ги читав книгите. 15 да бидам попрецизен. :sram
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Еј дајте бе сменете го насловов не е фер...
1. Стиг Ларсон
2. Игор Џамбазов
3. НИКОЛАС СПАРКС - ај малку да зборуваме за срцепарателни романтични приказни бе батки? Сигурен сум дека ниту еден страсен читател го нема прескокнато батево... ама сто посто сум сигурен.
Е како си сто посто сигурен?:D
Јас немам ниту една книга прочитано од него, а не ни планирам.
Јас мислам најубаво би било да се избере од: Гијом Мисо, Николас Спаркс или еве Агата Кристи.
Како сакате.