Со пловните објекти ќе се зголеми можноста за уживање и забава покрај Вардар. Идејата за сплавовите е добра, и покрај тоа што скопјани ја гледаат со недоверба - Коце Трајановски градоначалник
Конкурсот на градот за поставување четири пловни објекти - сплавови во коритото на реката Вардар осамна вчера во дневниот печат. Поставувањето на сплавовите е предвидено и во деталниот урбанистички план за Малиот ринг. Првиот сплав ќе се монтира под Колонадата, вториот спроти неа, на делот од кејот под хотелот „Холидеј ин“, третиот под Музејот на ВМРО, а четвртиот ќе е отспротива, под некогашниот Офицерски дом.
- Градот ќе ја прави инфраструктурата за сплавовите, па затоа не можам да кажам колку пари ќе чини овој проект. Пловните објекти ќе се уште едно место за забава на скопјани. Идејата за сплавовите е добра, и покрај тоа што скопјани на неа гледаат со недоверба - изјави градоначалникот Коце Трајановски.
Повеќето наши сограѓани не сакаат сплавови на Вардар. Велат дека со фонтаните, мостовите и скулптурите, па сега и со сплавовите само ќе се натрупа плоштадот.
- Дали сакаме да има сплавови или не воопшто не им е битно на градските власти и на градоначалникот Трајановски. Тие само сакаат да си ги истераат своите желби. Никој воопшто и не ги споменува проектите од предизборната кампања на Трајановски, како што е гасификацијата. Голем дел од скопските населби сé уште немаат фекална и атмосферска канализација, На Вардар нема ни пречистителни станици, но затоа ќе имаме сплавови. Трајановски вети и проширување на гробиштата „Бутел“ и „Камник“, но и од тоа негово ветување нема ништо. Тоа се проекти што се значајни за градот, а не плажите и сплавовите - коментираат скопјани.
Во конкурсот се вели дека секој сплав е посебна целина, односно објавата е посебно за секој пловен објект. Најмногу бодови ќе носи цената на понудата, односно 60 бода, а идејното решение и материјалите од кои ќе биде направен сплавот ќе носат 40 бода. Сите заинтересирани понудите може да ги достават најдоцна до 11 април во 11 часот, во архивата на градот. Истиот ден ќе се одржи и јавното отворање на понудите. Одобрението за поставување пловни објекти ќе се издава за период од 10 години, со можност за продолжување.
Дали сте вие против или за оваа идеја на градот?
Доколку сте против, зошто сте против тоа.
Дали мислите градот би имал поубав изглед со сплавови на нечистиот Вардар?
Мое мислење е Против. Затоа што реката е доста нечиста и многу мала за таква работа. Едно е Дунав да има сплавови а друго е Вардар. Како што слушнав утринава на радио, има еден концесионер и градот би му ги дал на 10 години концесија.