Секогаш е подобро да вдомиш, него да купиш миленик.
Спасуваш живот.
Кај нас нема шелтери за морски прасиња, да имаше, сигурно моето ќе беше вдомено, а не купено.
Можеш да вдомиш улична џукела, мелез од куче, друго куче и самиот ѓавол па никој не би го прибрал освен некој жалослив. Морските прасиња се продаваат најчесто како миленици па ретко би ги вдомувале.Освен ако место улични мачки/кучиња имавме морски прасиња...
Во однос на текстот за морското прасе, внимавај кога му даваш зеленчук.Најчесто со сласт го јадат, а им предизвикува пролив посебно оној кој содржи висок процент на вода.Подобро остави некое време малку да овени краставицата,марулата и слично,па после ќе ја јаде без поголеми проблеми.
Знаат доста да пораснат колку една просечна мачка достигнуваат големина. Колку повеќе расти толку повеќе ќе имаш потреба за менување на струготините.Претпочитај да земаш дрвени струготини, некој член претходно кажа од кај може да се набават, пилевината е премногу ситна често пати кога грицкаат нешто што е на подот, внесуваат и ситни парчиња од пилевината во желудникот па им создава доста проблеми со органите за варење.
Имаат маана со аклиматизацијата особено ако после капење ги ставиш на ладно место, исто како и останатите животни нели, сакаат собна температура и не нагли промени. Забележав праша за водата, пијаат сосем малце вода дури незабележително е, ја гризи или ја шмука цуцлата од поилката, најчесто 2-3 капки за цел ден им се доволни.
Кога ќе стасни полово зрело и ако имаш малку повеќе простор можеш да земеш уште едно па ќе направиш цело стадо.Предност е што со нив можеш да го вратиш влогот за храни опрема, и да набавуваш уште храна опрема или да ги продаваш,твој избор а држат добра цена.
Аквариумите најчесто се користат за глодарите, најдобро се набљудуваат преку стаклото,само проблемот е што знаат често пати да бидат загушливи за животните немаат кој знае колкав провев. Импровизација со дрвен терариум е најдобро. Среќно со новиот член во фамилијата
Ете затоа не ја сакам македонската википедија. Секоја будала може да направи акаунт и да пишува глупости кои си немаат врска, а модераторите (толку им знаењето) им ги одобруваат статиите. Најјакото од сето ова е што вика вегетаријанци се. Алоо? Зар никогаш не слушнале за тревојади, месојади и сештојади?
Валјда тревојад ги асоцира строго на ТРЕВА, па пишат вегетаријанци, за животни што се хранат со храна од растително потекло.