Руска Амбасада, Зоо Вивариум кај Војо
На девојката и подарив морско прасе.Ме чинеше 300 денари, 2 недели старо.
Е сега околу аквариумот, не мораш да купуваш кафези од 100 евра.Можеш да импровизираш.Да речеме од стари даски да направиш голема коцка, пред тоа даските да бидат ишмирглани и после со нитни или мали шајkи да ги споиш.За под ти треба само една шперплоча.
Одозгора ставаш пилевина која треба да му ја менуваш секогаш кога ќе видиш дека му е мокра.Отприлика на почетокот 1 неделно па се до 3 пати неделно.Таа пилевина можеш да ја земаш од Политехна без пари и тоа во вреќи ќе ти ја товарат.Или во продавница каде што чини 100 ден. кеса.
Цуцла за пиење вода 80 денари.
За храна можеш стара пепељара.Најчесто житарици и витамини кои исто така една кеса чини 80/100 денари од зелено пазарче и ќе се храни скоро 1 месец од тоа.
Освен витамини јаде највеќе марула.Сега марулата е евтина.Јаде морков, краставици, патлиџан.Банани, јаболко, јагоди, цреши...
Не јаде месо нити пици
Така да евтино ќе те фати верувај.Не бара нешто посебно нега.
А можеш да направиш и терариум, т.е стаклен сад, и тоа ако одиш по стаклари за 700 денари ќе ти направат кафез во кој може да живее 1 година додека не порасне без никаков проблем.
Нема некои посебни побарувања.Само што ако е стаклен садот брзо се умирисува и не е убаво во соба да имаш таква миризба.
Војо се’ ме научил у пм