Дали јас треба да се пофалам дека денеска имав сексуален однос со личност од спротивниот пол?
Многу луѓе се фалат дека имале секс со некого. Но, зарем не би било во ред кога некој ќе го праша "Во врска си?" или (по претпоставка, бидејќи не се познава дека е геј) "Имаш девојка?", тој слободно без да се плаши од дискриминација или негативна реакција да си каже "Да, во врска сум, имам дечко".
Која е потребата од признавање и исполнување на желбите на хомосексуалците? Дали си слушнал дека хомосексуалците често се здобиваат со една од најтешките и смртоносни болести ХИВ-СИДА?
Ова е најзакоравеното мислење во врска со оваа тематика. Демек гејовите прават што сакаат, постојано имаат секс со разни луѓе и најважно од се, не користат заштита? А си слушнал ти дека и кај гејовите постои желба да имаат долгогодишна здрава врска со еден човек?