Ваљда зошто сме мала државичка со 20 самостојни години.
Но, повеќе е до луѓето, индивидуално. Во Америките кога бев, речиси секој муштерија ме прашуваше од каде сум и повеќето ме гледаа како теле кога ќе им кажев. А доста често ми се случуваше да ми одговорат со: Aaaaa Alexander The Great... А имаше и такви што викаа: Ахам... Скопја. Али 80% немаа појма, а јас па од кого очекувам да знае, американец.
И тие што знаат за нас имаат лоша представа за Мк.
Првото прашање е дали сум албанка.
Има многу дојденци- албанци и сите албанци на прашањето од кај си,
одговараат со:
Од Македонија.
А има и многу од по селата( ај што се селани,
туку и големи сељаци).
Овде ринтаат по цел ден, да би можеле да си купат добра кола,
за на следниот одмор во Мк.
да се покажат кој се и што се, па и да завртат по некое девојче што се пали на "странци".
И така ќе се оженат, ќе ветуваат се и сешто за кога ќе ја донесат жената овде да ја затворат измеѓу 4 ѕида, да изиграва домаќинка и раѓа деца и ако веќе има работа тогаш како чистачка.
И таа истата за некое време, ќе дојде во Мк.
да се фали како и е добро, а уствари воопшто не излегува од дома овде, нит па се дружи со некого.
Единствената атракција е "музиката"
прослава која се одржува за време на некои наши празници и на која гостуваат тетки со глас на гавран облечени во миничи.
И тоа одприлика се луѓето кои ја преставуваат нашата земја.
И сето тоа, целиот овој систем на живот како и нашите кои живеат овде ме иритираат.Многу.