Типови на луѓе од кои цревата ми свират симфонии и не можат а да не се испревртат:
1) Типови(Типки) што се тагнуваат секој ден по 3 пати. Океј, комплет објави си и кога одиш да нуждаш на велико па да биде туто комплето цела слика.
2) ДакФејс точаци (посебно ако е машко со напрчени муциња кога ќе го видам, ми доаѓа да вриснам од дијафрагма). Макар што и женските ги сметам за поддеднакво глупави.
3) Луѓе што сликаат што јадат, што пијаат, демек гајле ни е.
4) Парови што нон стоп си објавуваат песни од типот веносечачки. Океј е еднаш, двапати, трипати, ама секој ден без исав...
5) Луѓе кои уште се верници дека ќе им ја прифатам поканата што ми ја испратиле на фармата за да можат повеќе домати да посадат.
6) Луѓе што мислат дека се главни Јебачи у маало, ако си го сликаат привезокот од клуч со БМВ, цигари Малборо и вискито што го порачале.
...