Сакам да кажам/Сакам да прашам

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Бич плиз

528360_586828514674075_1001791704_n.jpg
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
СДК леле денеска како сум се изнасмеал :rofl
Идеме со другар ми да јадеме во една сендвичара.Порачуваме и седнуваме на една маса.Нема ни пет минути,влегува едно убаво девојче,порачува и седнува близу до нашата маса.Се раскомотува и иде до тоалет,а во меѓувреме влегуваат две нејзини другарки.И тие порачуваат и одат кон масата каде што седна другарката.Бидејќи беше прилично full,на масата имаше само едно столче и оваа 'попаметната' го остава палтото на другарка и на шанкот,и ја фрла ташната на земјата и си седнува.Јас вака :eek а другар ми вика 'Е,супер' :D Ми се идеше да земам столче да и однесам и да речам На еве ти,краво една мрзлива. Тогаш ваа другата се свести,не гледа засрамено и зима едно столче за неа,едно столче за другарка и.Го намести палтото на столчето а дигна ташната и ни упатува еден извинувачки поглед.Значи до толку мрзливост јас немам видено,шо ќе а кошташе ако направеше еден чекор да земеше столче од другата маса?Или целта и беше да се покаже демек кралица е па може да праве шо сака?Значи кај отишол народов :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
СДП дали некој од овде полагал или знае од други што има на тестот по англиски што се полага за да те примаат на ИБУ (International Balkan University)?
Ако има нека ми се обрати во порака. Утре полагам, па да знам што да читнам и повторам. Фала :)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Не е многу паметен тој водителот на „Квиз на знаење“... Гледам некои стари епизоди, и требаше да погодуваат збор, а како асоцијации ги имаа БЕЛ и РИНГТОН. Одговорот беше телефон, а водителов вика „Така е, рингтон на телефон и бел телефон, бел ајфон.“ Дечко, си слушнал за Александар Бел? :nah Ај тоа, понатаму гледам и вика „Нико Нестор, сограѓанинот на Атина Бојаџи“. Ма немој, а од кога тоа? (facepalm)

Е така, морав да си кажам шо ми лежи на душичката, а вие бидете ми живи, здрави и паметни. (happy)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Kaко се денес имам смеено...Онака од срце :rofl
И уште се смеам и ке се смеам...
Но имав еден професор по Мкд...
Велеше:Многу смеење не е на добро...
Ама ако...за арно за убо нека е... :rofl
Не знам дали е дозволено да се става линк на форумот од фб...
Ке ја ставев работатата на која се смеев...
Ахахахаха АХАХАХАХА :rofl
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Не е многу паметен тој водителот на „Квиз на знаење“... Гледам некои стари епизоди, и требаше да погодуваат збор, а како асоцијации ги имаа БЕЛ и РИНГТОН. Одговорот беше телефон, а водителов вика „Така е, рингтон на телефон и бел телефон, бел ајфон.“ Дечко, си слушнал за Александар Бел? :nah Ај тоа, понатаму гледам и вика „Нико Нестор, сограѓанинот на Атина Бојаџи“. Ма немој, а од кога тоа? (facepalm)

Е така, морав да си кажам шо ми лежи на душичката, а вие бидете ми живи, здрави и паметни. (happy)
Тетоец :zelen Што друго очекуваш од водител, што водел само вести на локална телевизија, без никаква гледаност...
Инаку круг на знаење се вика квизот :)