Ме потсети Ана Каренина на мојата прва анестезија. Од трема наместо да истиснам неколку капки за да излезе воздухот, јас исшприцав пола анестетик. Се тресам јас, се тресе пациентот.
Потоа вториот пат е веќе познат терен, за третиот и четвртиот да стане скоро рутина, а понатаму ја изведуваш целата постапка за неполна минута.
Туку...
Потекнувам од едно место кое се наоѓа по крајот на светот, лево. Македонија моја. Мила, непресушна. Ако се лажеме така е. Потекнувам од тука, тоа не можам да го сменам, ама можам да се потрудам да излезам од тука.
Македонија во суштина е една голема биртија, полна со пијаници кои во еден момент, кога добро ќе се начукаат, се фаќаат гуша за гуша, незнаејќи како, ниту пак зошто. И се фрлаат столици, по невини, по сиромаси.
Чуден е овоj народ, мизерен народ.
И во автобус ечат патриотски песни, на кои и ден денес не им ја сфаќам суштината, конфузни се споредбено со реалноста. Лошата, згужвана, ебена реалност во нашата мила и прекрасна Македонија.
Јас не се срамам од моето потекло, ама не го сакам. Македонија мене ме измалтретира чесно до сега. Македонијава мила ми ги уништи најблиските, а тоа боли.
Тоа е причината што парчето земја кое треба да го наречам татковина ми создава вртлози во стомакот и бес.