Најдобриот другар ми се вика Филип и најдобриот колега исто така Филип. Имам приметено дека сите Филипи се доста пријатни луѓе, луѓе на кои можеш да се потпреш и да разговараш на секоја тема. Јас до сега не сум сретнал Филип со увек лошо расположение.
А сега кога ќе се вратам назад, имам приметено дека и сите Моники што сум ги сретнал у животот беа чудни. Во основно имав една школска Моника што увек плачеше, не се дружеше со нас, никогаш не можеше да ја видиш насмеана и слично. Во средно запознав нова Моника и човече пред неа мораш да пазиш се што ќе кажиш и да мислиш саат унапред како ќе си го протолкува она тоа што ќе и го кажеш. Девојчето гледаше навреда буквално и ако и кажеш Добар ден
![Изненаден :eek :eek](/images/emoji/surprised_animated.png)
Имаше и една мноооогу згодна Моника која ми се допаѓаше, девојчето е на моја возраст и до сега никогаш немала дечко, се што можиш да зборуваш со неа е само за учење или во последно време за некое шоу Парови. Не дај Боже да и спомниш нешто за дечко или да прашаш дали е слободна и во врска, следува саат време аргументи зошто машките не чинат и се тешко срање. Не зборува многу со машки, ја знам преку братучетка. Дури и братучетка ми вели дека е параноична и дека понекогаш и нејзе и вели ако застане да позборува со некое машко, знаела да и каже Шо има да зборуваш ти со него? Мислам
![Dull |-( |-(](/images/emoji/dull_animated.png)
А првите денови на факултет запознавме едно девојче со еден колега и јас не знам зошто мислев дека се вика Марија. И нон-стоп се зафркававме со колегата Еј, види ја Марија многу учи/Еј види ја Марија како ја става косата во уста/ Марија касне, пак го испуштила автобусот. И така може една недела се додека девојчето не црта на тетратката срциња и во нив името Пепе. И другар ми и вика Ааа, љубовта? И ова девојчево овака
![Се мисли :^) :^)](/images/emoji/wonder_animated.png)
после ни објасни дека уствари се викала Пепица, а другар ми мислел дека она мене ми кажала дека се вика Марија. Хумор! Мада и ден денес не можам да верувам дека се вика Пепица, некако има фаца за Марија.