Љубовта денес

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Сведоци сме дека денес вредностите се поместини и тоа од нас самите, свено или несвесно сите сме учесници во тоа.
Дали љубовта стана безвредна во однос на личните приоритети, односно дали љубовта материјалистичи се оценува и се почесто се изоставаа или се потиснуваат оние реални чувства.
Ако таа е безвремнеска и секогаш недефинирана,од ден на ден ја губи вредноста и се помалце преставува двигател на нашиот живот.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Често родителите дома прават притисок кон девојката ( најчесто) дали мамчето може да ги задоволи нејзините потреби, и дали е способен финансиски да одржува семејство, што за мене е во ред да се прашува тоа.
Но, сега дојде време каде што девојчињата се учат уште од мали, да бидат трпеливи и да чекаат на јадицата да се фати "голема риба" , што значи да фати дечко и да се омажи за што е можно побогат финансиски.

Во ова време ретко некоја да те погледне доколку си со застарени алишта и патики. Многу сум разговарал со девојчиња и ме интересираше нивно мислење за тоа како треба да изгледа едно момче за да им се допадне....?
Нивниот одговор следеше..

-Амиии треба да е среден, фризурче да има, да користи убави мириси, да носи алиша убави и спортски патики ( а спортски патики секогаш се едни од најскапите, веројатно не мислеле на шангајки).

Можеби ете сум во таква околина каде што девојчињата претежно се малце на кренато ниво, но тоа е мое мислење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: sweetgirl and alba

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Интересна тема. Стискам палци да се развие добра дискусија не добра караница :)

Има една песничка македонска народна „Среќата со пари не се купува. Љубовта без мерак век не векува“.
Независно од тоа како се движи линијата на приоритети на денишниве луѓе јас сепак ја бирам љубовта пред парите. Затоа и се оженив со таа со која што се оженив. Затоа што ја избрав љубовта а не материјалните вредности, а тоа се случи така затоа што имав една личност во мојот живот која секогаш ми кажуваше дека животот е тркало, денес сум горе утре сум долу, најлесно е да паднам долу, само еден единствен чекор и ќе се стркалам...
Што значи ако немаш љубов со некого, со тој некој немаш ни доволно разбирање а бога ми ни трпение. Што значи ако имате пари, се’ си е полно рамно и се’ си тече во најдобар ред, ама доаѓа криза, и пукате и собирање на свети Никогаш.
Сепак, реалист сум. И покрај љубовта, треба да се гледа неколку чекори напред. Што значи. Не алудирам на тоа дека треба девојките да бараат мажи со дебел џеб, или мажите да гледаат жени со златно лажиче во устето...
Велам само дека, во врската не е битно кој колку тежи во пари, и дека во врската треба да се гледа само љубовта и разбирањето, но кога се оди на еден чекор плус, брак, а потоа еден чекор плус дете, треба покрај љубовта да се чека моментот во кој ќе можеш да ја храниш таа љубов.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Љубовта денес... Или па „Денешниот свет на љубовта не е скорен за мене“.
Субјективно ако тргнам, би било нешто налик на жалење околу тоа дека денешните генерации навистина не знаат да сакаат. Притоа би осудил купишта и купишта личности кои да бидеме реални се само несфатени од мене. Тие меѓу себе можеби функционираат најдобро.
Но да навлезам малку подлабоко. Љубота ако во поим би ја зеле поопширно од релација машко -> женско, итекако ја одминува својата суштина. Луѓето денес премногу се плашат. Сомнежот е всаден уште од мали нозе, стравот од неопстојување во овој свет е главната причина за тоа што денес се` повеќе се сведува љубовта од интерес. Затоа имаме другатство од интерес, брак од интерес па дури и релација сестра=брат од интерес. Интересот е како оноа, нападот е најдобра одбрана. Така за да се заштити личноста, таа уште од старт размислува исклучиво рационално, без ронка спонтаност.
Не сум носталгичар, се адаптирам во многу ситуации но ова е оноа каде срцето не ми дозволува да прогледам низ прсти. Едноставно, ако се нема чиста спонтаност (барем на почетокот) се губи секаква смисла на љубовта како суштина.
 

aleksvv

Нов член
31 март 2013
11
14
3
Зарем постои... Ние не сме луѓе да ја сочуваме... ние само ја искористуваме и потоа ја отфрламе.. тоа е најтешко.. сите се плашат да сакаат а пак највеќе да бидат сакани... :nah
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Љубовта секогаш била нешто што сите личности ја доживуваат поинаку и на свој начин, така и ќе биде. А вие машките ако цело време стравувате дека девојката ќе ве сака само заради парите, тогаш самите сте си криви, што да ви кажам друго. Сфатете дека не сите девојки сакаат пари. Еве јас ќе се земам за пример, дечко ми не е богаташ, не се расфрла со пари, нема привезок од БМВ на клучевите, не пие најскапо виски (колку да се пофали пред другите, демек еве, за леб немам ама за виски имам и сл.) 100 пати му имам кажано дека јас сум со него затоа што ме цени и почитува како човек, ме третира убаво и во кревет прави да заборавам на се друго. Освен тоа, друго ништо не ми треба.

Пуштете ја душата, погледнете подобро и ќе воочите дека има прекрасни девојки со кои можете да си бидете и најверни другари, да кршите кревети, да се смеете и да тагувате заедно и да се почитувате.

Џабе ви се сите калкулации, пресметувања за тоа што сакате а што не во партнер. Кога некој со бакнеж ќе направи да отидете на 7мо небо ќе заборавите дека не сакате кафени очи или голем нос или нешто сосема трето.

Љубовта денес е убава, само треба да најдете убав човек за да ја доживеете. Ако само кукате, ништо нема да биде.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Selene Ете го и мојот идеал за убава врска, за љубов итн итн.
Ама што е во оној момент кога зачнувате семејство... Тогаш секако дека треба да се обрне внимание на финансиите. Се слагаш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Selene Ете го и мојот идеал за убава врска, за љубов итн итн.
Ама што е во оној момент кога зачнувате семејство... Тогаш секако дека треба да се обрне внимание на финансиите. Се слагаш?

Доколку е паметно момчето ќе одигра феноменална (шаховска) игра.
Доколку влегува во сериозна врска, би требало претходно да се стабилизира финансиски, да може да ја изнесе девојката чаршија, да не се "стега" цела вечер со една пијачка.
Да ја изнесе на ручек/кафе и сл.
Кога мисли дека е спремен за женење и зачнување на семејство, најпрвин треба да гледа дали може да ги одржува колку-толку самостојно, па другото е + (доколку работи жена му или имаат некои X приходи).

Тоа е тоа.


Мене домашниве ми зборуваја вака,па (ќе) го практикувам ова.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Доколку е паметно момчето ќе одигра феноменална (шаховска) игра.
Доколку влегува во сериозна врска, би требало претходно да се стабилизира финансиски, да може да ја изнесе девојката чаршија, да не се "стега" цела вечер со една пијачка.
Да ја изнесе на ручек/кафе и сл.
Кога мисли дека е спремен за женење и зачнување на семејство, најпрвин треба да гледа дали може да ги одржува колку-толку самостојно, па другото е + (доколку работи жена му или имаат некои X приходи).
Да бидам искрен врската може и БЕЗ толку многу частење од страна на дечкото. Што значи многу пари за ова првово не треба.
Бракот и децата....се оние што се „скапи“

- сум голтнал зборче се извинувам преправив сега.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Јасно, ама тоа доаѓа понатаму, откако ќе се заљубиш, проживееш и откако ќе се изнауживаш во врската. Ако веќе гледаш дека тргнува на посериозно, тогаш ќе почнеш и за финансии да размислуваш. Не, си се напил едно кафе и одма филм за тоа колку пари ќе се вртат. Прво запознај се со партнерот, види каков е, гледај дали ти е убаво со него на други полиња, па потоа отом потом за финансиите. Ќе бараш работа, ќе те одбијаат на 15 места, на 16тото ќе влезеш. Само упорните успеваат.

Ама планирање иднини и финансии уште од старт, ми е толку без веза, не можам да ти опишам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Arkantos