Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
девојко, ти си кечапот на моите макарони. ps. обожавам макарони со сирење.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Сакам да те видам...
И пак да те гушнам.
Но овој пат така да останеме...
Зошто си далеку?
Зошто мораш да бидеш неколку часа одалечен?
Те сакам овде,до мене...сега...
Зошто ти кажав.
Ти кажав Believe дека ми значиш...
Повеке од дозволеното.
:)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Да ми дозволеше сега ќе бев до тебе и ќе те бакнував, па ќе се муабетевме дека си 2 месеци постар од мене и дека цели два месеци ќе имаш 21 а јас 20 ... и ќе се закачавме на таа тема, па ти ќе ме гушнеше и ќе ме замолчеше со бакнеж...
Да ми дозволеше ќе уживав во твојата насмевка и твојот ден ќе беше наш заеднички... сега само нека ти се исполнат сите желби... онаа која е со тебе е најсреќна на светов.... биди и ти.
Среќен роденден љубов моја.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Толку сме ладни еден кон друг колку што е врело секое чувство во срцево... Толку ли не можеме да се погледнеме во очи ? Јас признавам, не можам за да не видиш во нив колку љубов ти дарувам.. а ти? Ти веројатно за да не се чувствуваш виновен поради болката која ми ја нанесуваш со своето студенило...
Нозете ми се тресеа додека се убидував да го смирам вулканов во себе да не еруптира... знам знам... ти заврши со мене, на чисто си.. болно е што јас те сакам исто како да си тука...
 

live.your.life

Нов член
26 март 2013
20
24
3
Го сакам. И кога најмалку ме заслужува,е баш тогаш најмногу. Чудно е? Не е, јас сум жена, така функционирам-чудно. Онаа грутка што ме гуши,што ме стега во градите, дури е убава на некој начин. Како? Ми покажува дека сум жива,мрдам,копнеам,чувствувам. Ете тоа одамна го немам почувствувано,па затоа дури и тоа е божествено. Се е релативно,само љубовта не е. Сложена е ама убава. Не потсетува дека сме живи,дека копнееме по некој,нешто,дека тежнееме дури и да патиме ама да сакаме и да бидеме сакани. Нема ништо поубаво од тоа. Дури ни на ваков никаков ден. Сакајте и бидете сакани,не штедете на љубов и емоции.Не се опирајте,не се бранете.Тоа е движечка сила,тоа е најголемата моќ. И богами ја нема секој. Само посебни луѓе,големи. Само голем човек,со големо срце може да пружи и прима љубов. Ете така драги мои.