Партнерот е од село...

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Arkantos

Читајќи те за таа Мери одличната, сакам да ти кажам дека си начекал 1 во 100.
Зошто?

-Еве јас ќе ти кажам зошто. Јас завршувам средно оваа година, а кога се запишував во прва година во овој смер каде што сум во економско не бараа одлични ученици со сите 5ки(затоа и го избрав овој, затоа што и не бев одличен). Гледајќи ја листата на запишани ученици сите селани имаа од мене мнооогу мнооогу повеќе поени. Сите поминувале одлични и по некоја година многу добри.
Се прашував во себе си: Толку ли сум глуп, да не вредам за некој селанец?

Но со тек на времето т.е. кога започнавме да учиме увидов дека тие оценки што му биле пишани се камуфлажа/естетика пред народот односно предност и подарок за да се запишат во средно училиште.До ден денеска сите селани ама баш сите земено во просек од мојот клас од секој селанец има по 4 кеца најмалку значи зборувам по просек.

Што заклучив?

-Дека в село се на многу ниско ниво образовните стандарди што доведуваат до ниво да не ги знаат основните работи. (нема потреба да набројувам)
Додуша има и селанки што знаат да читаат и пишуваат и се премногу кренати што и градските момци се на многу ниско ниво. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and melpomena

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Да, ама не си убедителен да не навлегуваме по натаму и токму таа разлика од 5 мин и 20 мин е мн битна ... гимназија има во твоето село ?
Нема, нема ни основно училиште има автобуси кој ги носат децата во училиштата.
Исто е. Ако живее во град, До гимназија ќе оди пешки и ќе оди 15 минути, ако живее во село, ќе оди со автобус ќе оди 20 минути... исто е :)
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Што да праи ќе оди кај него ќе молзе овци , крави , кози (facepalm). Што ни фали де дека сме од село ? Човек не се цени по тоа од каде е и како изгледа! Најбитен е карактерот на човекот се друго е само предрасуда.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marjan

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Нема, нема ни основно училиште има автобуси кој ги носат децата во училиштата.
Исто е. Ако живее во град, До гимназија ќе оди пешки и ќе оди 15 минути, ако живее во село, ќе оди со автобус ќе оди 20 минути... исто е :)
Не исто да одиш пеш и да се возиш со авотобус а ке осетиш кога ке бркнеш во џебот и не е само тоа ти реков мене ми е битна таа разлика од 5 и 20 мин некогаш може и живот да значат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Искрено да кажем младинава и не е сама крива за вакви конзервативни размисљуења.
Ја се сеќавам како моите баба и дедо што се стари граѓани ,цел живот се фалат демек немале никаква крв и потекло од село , па често сум слушала од нив коментари од типот пазите деца со кого ќе ги седнете мајка ви и татко ви на маса, пазите кој сватоој ќе донесете дома. Да не бида сељаци, прости и што ти знам ја тамо.
Среќа ја сама сфатив уште многу одамна дека сељак и селанец са два различни поими кои немаа никаква врска едни со други. Овде уште се мешаа и очигледно треба да се објасна поимиве за да некој ги разбере.
На запад да живиш у село, разбира да имаш ранч со стока, имот, земјиште а тоа е и богатство, па и престиж. А овде значи , „оф тој што има краве и овце ха ха ха сељак бе“ Па сеа кој е сељак кажите ми вие...според мене овја што ја дава изјавава у наводници што ми е.
Не сум имала предрасуде на локацијата на мојте познаници , па ни за нивниот говор кој го претставуе подрачјето од каде што са. Никоаш не сум се подсмевала нити пак ми било срам да сум у друштво на деца од село (не ми се веруе дека ова пишуем зошто му доаѓа како да са они људи од марс мислим бог да чува до когај вака)
Склоп на случајности дечко ми има од двете стране потекло од село, а сватојте што ќе ги седнем дома со мојте , са едни од људите што најмногу ги ценим после мојте родители. Така да го жалим тој што вака ги суди и ги дели људите, кој има само една вистинска поделба, добри и лоши.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Избришани се оф-топиците доколку сум испуштила нешто,пријавете. Ќе ве замолам да се држите до темата и да не одите оф-топик.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Јас мислам дека тука дискусијата не е за тоа кој е попаметен,луѓето од село или тие од град. Момакот од цитатот нагласил дека е чупата убава,паметна,фина. Тој не ја дели по карактерни особини,туку по местото на живеење. Него му е срам што ќе му кажат познаниците на тоа што тој излегува со девојка што живее во село. Самиот факт што тој се осеќа супериорен само ради тоа што е од град го прави папак глуп неваспитан.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: M.Adams

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Сите си имаме критериуми кога бираме партнер, и не, само љубовта никогаш не треба да биде доволна. Ако си тип на човек кој не може да функционира во мали места и ти треба градска бучава а имаш дечко од село кој си има имот таму од кој не планира да се дели, тогаш нема да бидеш среќна, зборувам за мажачка нели. Па и за врска, ако сакаш градски плејбој или фина цуца која слободно влегува во сите ин места во градот и растела дишејќи во такт со градот, тогаш нема да те задоволи скромноста на една девојка од село. Ок, не се сите девојки од село скромни, ниту сите од град урбани ама да земеме во глобала пошто влијае средината во која си растел на тебе. Навидум површности, ама на некои им прават голема разлика, па кои сме ние да судиме.
Иако, ако веќе сакате да се делиме, тогаш да се делиме на оние што имаат пари и оние што немаат. Едните светот го виделе, другите сите филмови од тв. Битно е кој каде живее? Да се делиме на начитани и прости. И тука е небитно од каде си. Да се делиме на убави и згодни против грди и дебели. Факултетџии против средно.
Не може само карактер да е битно а се друго да се игнорира. Ако се делиме, ајде бар по сите основи.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Мојот дечко е од село.
Дечкото со кој сум повеќе од 4 години, кој ми покажа што значи да се грижиш, да толерираш, да сонуваш, да љубиш...
Човекот кој ги прифаќа моите студени дланки навечер, топлејќи ги на неговите гради, човекот кој ме покрива секое утро пред да иде на работа.
Човекот кој се гордее со мене, кој ме прифаќа со сите мои налудничавости во пакет, кој ме сака и кога не сум чешлана, дотерана и нашминкана.
Да, тој, кој од село дојде во мојот живот за да ми покаже колку краснотии фалат на „ градските “ луѓе.
И единствениот кој во моите мисли е татко на моето дете.

Љубовта не е дефиниција, не е став, не е идеја и локација.
Љубовта е.
Како што сум јас, како што си ти.