Писмо до идниот јас

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Случајно шетајќи низ нетов, наидов на една тематика, не така малку сериозна, но сепак креативна и одлична за мотивирање. Сте се запрашале ли некад што би се случило ако си пишете на идниот вас? Во смисол - пишувате сега за сегашните (и минатите случки) но со назнака да обрнете внимание на одредени детали во иднината. Прост пример ви е Тед од How I met your mother кој во одреден дел од животот си посветува неколку писма до идниот Тед. Значи... некои идеи? Слободно можете и креативно да размислувате на оваа тема.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Случајно шетајќи низ нетов, наидов на една тематика, не така малку сериозна, но сепак креативна и одлична за мотивирање. Сте се запрашале ли некад што би се случило ако си пишете на идниот вас? Во смисол - пишувате сега за сегашните (и минатите случки) но со назнака да обрнете внимание на одредени детали во иднината. Прост пример ви е Тед од How I met your mother кој во одреден дел од животот си посветува неколку писма до идниот Тед. Значи... некои идеи? Слободно можете и креативно да размислувате на оваа тема.

Пред незнам колку време слично на ова, имаше прати си меил на идниот ти. .. и така си пишав јас писмо до сама себе и подесив да ми стигне во 2025 мислам зошто имаше опции да бираш кога да ти стигне, кој датум точно.
:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Погледај во огледалото.
Погледај длабоко во тие очи во кои се прелеваат боите на есента.
Таму ќе ме најдеш.
Тоа сум јас, ти зелена.
Ќе бидам тука да те штитам, тоа го знаеш нели?
Немој да се плашиш да ме побараш,за тебе и постојам,
ти си моја обврска..
Да те дигнам кога ќе паднеш,
да те спуштам кога ќе леташ,
да ги избришам солзите на твоето лице, и да створам насмевка.
Знаеш што рекол Руми?
" Чекорот до себе е чекорот до љубовта"
Мислам ќе биде доволен одговор на твоите прашања..
Немој да бидеш одвратна и дрска со мене,
потиснувајќи ме длабоко во некое ќоше од себе..
Не дозволувај демонот наречен РАЗУМ да те води низ темните и студени лавиринти на мислите.
Тој ќе те исуши, тој ќе те убие..
Зарем не сфаќаш дека патиш, плашејќи се да ме следиш?
Тоа сум јас, јас си ти.
Ова е целосниот пакет со твоето име.
....немој да овенеш, остани прекрасна..
и кога ќе ти биде најтешко, зелена..
Погледни во огледалото,
погледни длабоко во својето срце и себе,
таму ќе ме најдеш мене..
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Оваа мојава од иднинава никаде ја нема , ама затоа за таа идната јас ке и кажам само

Прекини да играш онлајн игри - хахха :rofl:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Здраво Идна Јас
Прво и основно. Остани здрава и убава и смеј се почесто (знаеш дека тоа ти треба)
Лекот за сите болки веке одамна го најде и ти порачувам да го чуваш и да го пазиш и да го сакаш најмногу и да не се плашиш од ништо бидејќи ме имаш мене (себе) и го имаш него а знаеш дека тоа е единственото нешто што ти е битно во животот. Сега кога веројатно имаш повеќе пари отколку што јас имам денес па помагај повеќе кај можеш и колку можеш(а ако немаш тоа значи си ја зезнала работата у Инспекторатот:giggle . Како и да е знам дека секогаш наоѓаш начин да ги решиш работите а тоа ме прави мирна. Читај книги и гледај си филмови , се надевам дека го уреди станот во скандинавски стил , ако не, тогаш значи дека сеуште расположението и вкусовите ти се менуваат како ветрот. Добро е што го имаш мистер Д до тебе да ти ја даде онаа сигурност во изборите . Чувај ја пријателката , ти знаеш која..и дружете се колку што можете повеќе. Наоѓај време да отидеш до куќата на село и до водопадите, таму ќе најдеш мир и задоволство и ќе ги наполниш батериите . Пишувај , сега веројатно немаш толку слободно време ама кога имаш пишувај. Еден ден тоа некому ќе му се допадне и ќе се гордее со тебе. Се надевам одгледуваш цвеќиња , ако е тоа така би ме израдувало многу. Не сакав да ти давам совети оти знам дека не сакаш совети. Знам дека ги сакаш и грешките што ги правиш оти и тие се за ум, и оти без нив немало да бидеш таа што си денес. Само еден совет имам драга моја , немој да брзаш , се во свое време , имај трпение , и помалку остар јазик(знаеш дека тоа ти е маана) . Толку. Биди среќна, кога имаш криза (што се надевам дека некако си успеала да ја надминеш ) ако не, знаеш што треба да правиш. Внимавај на најблиските....и не се замарај толку со навидум битни ама скроз небитни работи. Така, поздрав и остани си помалку самобендисана де .) си знаеш дека си добар човек. Слушај музика знаеш со кого, и немој да му забрануваш да собира дискови оти собирале прашина. И твоите книги собираат прашина па никому ништо. А сега оди и купи си некоја убава работа. Знам дека тоа ти причинува огромно задоволство. Чао најдрага! You have always been a good girl deep inside.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Здраво Иден Јас. Ако го читаш ова значи дека си го преживеал моментот кога оваа порака се праќала до сервлетот и виртуелната машина која се справува со тоа да ја испише поракава баш како што јас сум ја напишал и притоа со помош на Хаминговиот код да ги открие сите грешки при трансферот на поракава во битови која всушност првин поминала низ седумте протоколи на мојот рутер, па потоа била составена во серверот и на крај стигнала до форумов. Браво штом си преживеал.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Здраво Иден Јас. Ако го читаш ова значи дека си го преживеал моментот кога оваа порака се праќала до сервлетот и виртуелната машина која се справува со тоа да ја испише поракава баш како што јас сум ја напишал и притоа со помош на Хаминговиот код да ги открие сите грешки при трансферот на поракава во битови која всушност првин поминала низ седумте протоколи на мојот рутер, па потоа била составена во серверот и на крај стигнала до форумов. Браво штом си преживеал.

ХАХАХАХАХАХА :D И јас научив нешто од полето кое мноогу ме интересира а не е хемија :igra
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Здраво Иден ја .. ако си го читаљ ова .. знај дека сум го пукал на све живо, сум го кољељ рекетирал све за 2000 евра .. и сам го пукал на Бит Пазар у аутобус. Сум го рушел на згради .. пошаљиљ месж .. the bomb .. и сум го станал најбоља терориста. Ах да .. и на крај сум го играл Кољо Терориста 30 секунди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and ZmajChe

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Еве едно што го пишав пред некоја недела.

Somewhere in the near future.

Passed down to you.... yeah, you little piece of.... something.
Ако го читаш писмово гарант сеуште дишеш на бели дробови а не си некаде насред бутел испод 3 стопи земја. Ваљда го читаш ова и се газиш од смеење поради твојата неинвентивност. Таков е периодот сега, на 27 години. Зракот е блуткав, имаш бучава во ушите и ваљда сеуште ги слушаш Грин деј. Глуп си пошо не делуваш планирано, одиш со некакви си хедонистички сфаќања, малку по малку запаѓаш понекад у летаргични моменти. Егзистенционализам? Да, тоа беше пред две години. Можда и тогаш требаше да си пишеш за сегашниот „јас“. Овој де од 27 години. И сфаќаш и се чувствуваш ко да ти тече „Time" од Пинк Флојд. Сфаќаш но не превземаш ништо. Затоа што сега си таков, безидеен ропак кој мисли дека со ова го фаќа бога а богами и времето за муда.
Ако идниот ти (тој што сеа го чита ова) досеа не си имал некоја посериозна врска, сигурно е затоа што сеуште ги имаш оние мали јадови што сам си ги имаш поставено уште во минатото. Значи и тука не си постигнал погзнае што. А и што треба да се постигнува тука? Чувства се у прашање. Ај ваљда си смувал досеа понеколку лесни и една со интелект ти го има пак здрвено... паметот. Знаеш барем шо сакаш.
Ако немаш нешто професионално фатено тоа се` повеќе се должи од ситуацијата. Економската, да бидам покоректен. Осим ако не живееш у друга земја каде вечито ринташ од јутра до сутра за некоја подобра плата. Ама знам дека нема да ринташ. Пошо сеуште си у таа ебана глупа летаргична состојба. Во секој случај биди си коректен со себе. А не да поставуваш некои цели изнад 7 неба и планини. Барем имаш начукано години и реалноста ја согледуваш повеќе. у случај да се гледаш како некој успешен археолог некаде у Италија, под итно да си ги смениш апчињата.
За фамилија не те чачкам, ваљда ќе дигаш слушалка или некој смс до твоите дома. Ако не, тоа е сигурно или затоа што ти си некаде или затоа што тие се. А може и двете. Брат ти ваљда сеуште ти кажуе дека си препаметен но премногу мрзлив. Е па истово сценарио ти е познато и пред да почнеш да студираш, м? Е така...
Е па тоа за сеа ти го пишувам, ваљда писмово нема да може да го дешифрираш ако у иднината струјата се вреднува како луксуз, затоа ќе го испечатам сеа и две свеќи ќе ставам настрана.
So says your counterpart.

Me.