Јас сум врвно неупатена личност.
Што е финтата/уметноста по форумиве, што сè повеќе се...
пишуваат постови на овој
начин?
Модерно е сега реченицата да
се прекине на најбезвезното...
место? Или?
Ги сфаќам оние од мобилен, ама
другиве бе,
Хаику или сонети пишувате?
Туку, оние бре кај Вучко на квиз/емисија/што и да е, па амеби да беа, ќе погодеа повеќе.
- Како се вика личноста на сликата?
*Молк*....- Ај помош.
- Ајде, на В.
*Молк*
- Ајде, ајде, асоцира на победа.
- Пааа...не знам, може уште малку помош?
- На англиски „победа“ како се вика?
*ФАКИНГ МОЛК*
- Ајде бе, колку сте таму?
- Ехеее....
- Ехеее, и никој не знае?
- Хех, па...не.
- Ајде, имам јас овде еден комшија Виктор, ама зошто ние зборуваме за женски лик, оваа на сликата е...?
*Молчи некоја секунда* - Да не е Викторија?
БРАВО! ВО АЛБЕРТА АЈНШТАЈН - ТЕСЛА - ЕДИСОН ДА СЕ ПРЕКРСТИШ, ЖЕНО!
Да, гледав...и да, се покајав и го јадев срамот за тие што се јавуваа. А за чудо, пак би гледала, чисто да видам до кај може да тераат.
Битно Вуле не се откажува од кафињата, кои, во секоја емисија што досега ја имал, имале клучна улога ко награда.
Шта чеш, фан сум.
Честитки! Добивте 200 грама кафе и лажиче! Оставете ги податоците во редакција, да се договорите кога да дојдете и да си ја подигнете неверојатната награда.
А најјако е кога они од јужна Македонија се јавуваат. Уште што не се летнале да идат по лажичето. Или па којзнае...