Закани од бивши

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Факт е дека некои луѓе кризите во врските ги поднесуваат многу тешко. А исто е факт дека нема врска без криза... Јас до сега таква врска не сум нашол.
Тие се моментите кога следува она што го викаш ти прифаќање на мали промени, и почнување ... речиси од ново - ама ако во тие моменти наместо да речеш „Се плашам да сум без тебе“, ти да речеш„Ако сум без тебе пола град ќе го исколам“ иде до... не сакам ни да објаснувам навака :)
Ко шо Master Yoda викаше „Fear leads to anger, anger leads to hate, hate leads to suffering“. Колку само е спремен човекот да допушти стравот да го превладее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не постојат само физички закани.
И не само мажите се закануваат на девојките(бивши).
Не смееме да ги трпиме заканите,но неможеме ниту да се преправаме дека не постојат.
Треба да се најде решение,но доста често,решението за овој проблем и не е така лесен.
Ми се чини дека скоро да и не постои човек кој не се заканил на некој од бившите.
Мизерија жива,,Ке видиш ти кој е кој,,.
Закануваќите обично и се познаваат,мислам за оние од најзагрозените видови.
Тие не се закануваат само на бившите.
Имавме доста примери низ форумов,кои упорно и упорно или настојуваат на директна закана,или на индиректна,во смисол,ајде да се видиме па да видиш кој е кој (facepalm)
Кој сакаш биди,но не ги прави со сила работите.
Ако треба,ке се случат.
Ако треба,ке се средат.
Ако не,животот продолжува понатаму.
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Самите си се криви што си наоѓаат такви типци :) а после кукааат :ladno

Ова не го видов кога прв пат коментирав.
Ако нешто ме нервира, тогаш тоа се вакви, ќе се дрзнам да речам глупави мислења. Moже и опомена да добијам, ама се нервирам кога ќе прочитам вакво нешто.

Како побогу девојчето е криво ако некој маж ја истепа од ќотек? По која логика? Имаш ситуација на фин и паметен дечко, одат подолго време, девојчето не е среќно во врската, сака да прекине, а овој и се заканува дека ќе ја истепа. Како е таа крива? Не сите тепачи изгледаат така, не им пишува на чело дека се такви. Ако некој го бие репутација дека удрил девојка, ок, девојчето само си е криво што се впуштило во врска со таков човек, но ако тоа го пројавува прв пат? Човек може да покаже нешта што ни самиот не знае дека може кога е очаен. Ова и се случи на другарка ми, одеа со дечкото подолго време, се скараа и овој ја удри. А никогаш не покажуваше никаков знак дека е насилен, баш напротив, многу се сакаа. Сите бевме фрапирани од неговото однесување кога одлучија да се разделат. Како да полуде човекот. И, другарка ми беше крива?

Не ти е во ред мислењево, ама ич.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and melpomena

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143

Selene сигурно мислел на девојките кои упорно остануваат со своите момчиња...и покрај малтретирањето...
Имав другарка која трпеше се и сешто зошто остануваше со него со изговор дека го сакала...
Не сакаше да го пријави ниту помалку да каже на своите родители за да превземат нешто уште помалку да стави крај.
Кој е тогаш виновен овде?
И таа бидејки не е способна да стави крај...А е и виновна знаејки дека типот се дрогира и упорно се влечка со него...
Дали и таа ја нема вината овде?Додека трпи котек и молчи дел ја има вината зошто не знае да каже доста...
Доста паметна и интелигентна девојка е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Имав една другарка која кога му раскина на дечкото, и се закануваше дека ќе го тепа секој што ќе застане со неа, дека ќе и прати некој да ја малтретира, па и се јавуваше на домашниот телефон и ги реметеше нејзините домашни. Чудо од дете.
Не знам како го смирија, ама знам дека долго време не се откачуваше. Мислам дека татко и , зборуваше со татко му и некако се смири и ја остави да живее на раат.
Многу лоша работа, и да имало некогаш шанса да се смират он со таквото однесување ја убил и најмалата надеж , и се претставил себеси како на психички болен човек. Лошо , лошо
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
жените да упатуваат закани...Поретко.

Поретко?!Не знам таму.
Како прво,на филмови шо сме глеале цело време жената се заканува демек 'Ако отидиш со неа,ќе се убијам' или слично.Во книгите е исто,во реалноста исто. Јас лично барем сеуште се немам сретнато со момче кое и рекло на својата девојка 'Ако ти заминиш со него,јас ќе се убијам'.А знам еден пар и девојката постојано прави сцени и го уценува демек не смее да замине со друга,не смее да оставе,она ќе се самоубиела,ќе ги убиела нив двајцата и тако то.Не велам дека нема момци шо се закануваат дека ќе удрат ќотек,сигурно има али тоа дека жените упатуваат закани поретко ми нема смисла.Па нели гледаш во филмовите скоро секогаш главниот негативец е повредена жена,очајна или себична?
Сакам да кажам дека има секакви луѓе на светот.Треба да се биде внимателен пред да ја одбереш личноста со која сакаш да го поминеш животот,или барем еден дел од него.Јас сакам мојата девојка да биде љубоморна,едноставно сакам.Али до одредена граница.Не сакам да бидам со некоја која ќе прави скандали или ќе упатува закани од типот на 'Ако ме оставиш,це убијам,тебе ќе те убијам' или слично.Таквите врски најчесто завршуваат со полудување на еден од двајцата или со развод.Како и да е,сакам да кажам дека нема податок кој повеќе се заканува.Тоа е се.
 
georgi

Нов член
30 септември 2012
16
3
3
Ова не го видов кога прв пат коментирав.
Ако нешто ме нервира, тогаш тоа се вакви, ќе се дрзнам да речам глупави мислења. Moже и опомена да добијам, ама се нервирам кога ќе прочитам вакво нешто.

Како побогу девојчето е криво ако некој маж ја истепа од ќотек? По која логика? Имаш ситуација на фин и паметен дечко, одат подолго време, девојчето не е среќно во врската, сака да прекине, а овој и се заканува дека ќе ја истепа. Како е таа крива? Не сите тепачи изгледаат така, не им пишува на чело дека се такви. Ако некој го бие репутација дека удрил девојка, ок, девојчето само си е криво што се впуштило во врска со таков човек, но ако тоа го пројавува прв пат? Човек може да покаже нешта што ни самиот не знае дека може кога е очаен. Ова и се случи на другарка ми, одеа со дечкото подолго време, се скараа и овој ја удри. А никогаш не покажуваше никаков знак дека е насилен, баш напротив, многу се сакаа. Сите бевме фрапирани од неговото однесување кога одлучија да се разделат. Како да полуде човекот. И, другарка ми беше крива?

Не ти е во ред мислењево, ама ич.
Во сосема во ред е моето мислење ... за да стапиш со некој во врска треба самата да си видиш каков човек ... самата да приметиш така? ако тебе да речеме пример имаш дечко и тој на тебе дигне рака кој е крив? јас или цацко или ти? сигурно е дека ти си виновна бидејќи ти самата не си знаела да го процениш каков е ... понекогаш се размислува повеќе со мозок но и со срце но ако одиш само со срце можеш гадно да се зафркнеш :)
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Поретко?!Не знам таму.
Како прво,на филмови шо сме глеале цело време жената се заканува демек 'Ако отидиш со неа,ќе се убијам' или слично.Во книгите е исто,во реалноста исто. Јас лично барем сеуште се немам сретнато со момче кое и рекло на својата девојка 'Ако ти заминиш со него,јас ќе се убијам'.А знам еден пар и девојката постојано прави сцени и го уценува демек не смее да замине со друга,не смее да оставе,она ќе се самоубиела,ќе ги убиела нив двајцата и тако то.Не велам дека нема момци шо се закануваат дека ќе удрат ќотек,сигурно има али тоа дека жените упатуваат закани поретко ми нема смисла.Па нели гледаш во филмовите скоро секогаш главниот негативец е повредена жена,очајна или себична?
Сакам да кажам дека има секакви луѓе на светот.Треба да се биде внимателен пред да ја одбереш личноста со која сакаш да го поминеш животот,или барем еден дел од него.Јас сакам мојата девојка да биде љубоморна,едноставно сакам.Али до одредена граница.Не сакам да бидам со некоја која ќе прави скандали или ќе упатува закани од типот на 'Ако ме оставиш,це убијам,тебе ќе те убијам' или слично.Таквите врски најчесто завршуваат со полудување на еден од двајцата или со развод.Како и да е,сакам да кажам дека нема податок кој повеќе се заканува.Тоа е се.

Некако многу филмови ми спомна во темата...
Реалноста е една филмот е друго.
Еве ти немаш сретнато момче но јас имам сртетнато од таков тип...
Едноставно се закануваше,и едвај на мира ја остави...
Жената е послаба за разлика од мажот кога се работи за физичко насилство...
А мажот посилен...
Не за џабе рекле жена не се удара оди пресметај се со некој на твое ниво :)
Велиш дека треба да се биде внимателен кога одбираме партнер...
Јас би рекла дека и во бракот жената спие со мажот,секојдневно е со нејзе па не знае дали крие нешто или не.
Како ке знам каков е пред да стапам во врска со некој?
Можеби ке ми го покаже своето убаво лице па кога ке има прва прилика ке ја покаже и лошата страна...
 
Да те потсетам дека доста филмови се правени врз база на вистински настани.
Во ред е,како што спомнав,има и такви момци но има и такви девојки.Колку што сфатив темата е за закани,а не кој може подобар ќотек да удри, така,или се лажам?Зошто нешто зборуваш мажот бил посилен.Ако се работи за закани (без разлика дали се празни или вистински) велам дека жените исто така ги користат.И последново,да,вистина е не можеш се да знаеш и понекогаш лицето ти ја покажува само добрата страна.Но затоа велам колку што можеш да внимаваш , зошто таквата личност колку-толку некогаш мора да експлодира, за каква и да е ситница.Ако ја занемариш,готов си,отиде во огнот. Ако толку добро се држе,ништо.Си се излажал,постои развод и колку и да е тешко едноставно мораш.Ако не сакаш,тогаш трпи се.Твоја одлука.Како што кажа и самата - прва прилика кога ќе ја покаже лошата страна ќе знаеш што треба да направиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
A како би се заштитила? На кој начин?
Ете пријавила...
Ништо не се случило...
Никаква мерка превземана од надлежните органи...
А не е способна да возврати удар.
Поточно и таа да го утепа од котек...
Да прати некој набилдан батка? :D
Па да се случи уште полошо...
Некои машки... немаат граници до каде е нормалата...

Право да ти кажам и не ме интресира за таквите девојки. Гледаат девојчињата премногу филмови и се уфилмуваат и бараат такви лоши момци као демек гангстери мафијаши што ја прават од гомно подоле, ама како кога ке испадне со него некаде леле се прави јака женска со кој одам фаца. Ма не да ја тепаат па и нека а утепаат од котек. Ама да си има институции за пријава и треба да си пријаве.

Жално е за некои други случаи за насилство, ова е за оние кога ке испаднат со него којзнае која е а ако ја тепаат она битно на врвот е.
Како што рекоа погоре кој што ке сее тоа ке си жнее.