Ова најчесто го трпат девојчиња кои немаат кој да ги заштити. Или се доволно глупави да мислат дека некој што ги удира е способен да чувствува љубов кон нив.
Тој што сака, никогаш нема да направи нешто да го повреди партнерот.
А машките што удираат, не се ни вредни за коментирање. Овде девојчето треба да се обрати кон некој член од фамилијата, кон некој другар на кој верува и да покаже дека не е сама во целата ситуација. Куче што лае, не каса. Имав една другарка, дечкото ја удри. Таа за среќа беше доволно разумна да му раскине уште одма. Па ја бараше, се закануваше дека ќе ја скрши од ќотек, дека ќе и го промени личниот опис... Таа кажа дома, па кога таткото нејзин го најде него и му кажа 2 реченици, овој уште еднаш не се осмели ни да ја погледне, а не па нешто повеќе. Ниеден татко нема да дозволи неговото дете ќотек да јаде.
И убаво вели
Arkantos, што сатисфакција имаат кога знаат дека девојката е со нив само заради страв. Дека
не се сакани, дека девојката длабоко во себе го проколнува. Тоа го може само некој тежок сељак, кој од Аца Лукас понатаму нема ништо видено.
Ниедно девојче не треба да молчи. Ако побара помош кај вистинската личност, секако дека ќе ја добие. Треба само да сака, а да не биде слепа и во заблуда дека тој што ја удира, по некоја логика ја сака.