Закани од бивши

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Знам дека никогаш нема да се најдам во ваква ситуација, но во хипотетичка смисла: Нека проба. Ќе добие pepper spray во очи, taser gun јужно и боксерица во нос. Демек, ако е машко па автоматски ќе му успее обидот за ќотек. Не знам зошто некој би трпел некакво малтретирање. Мора да си глуп, за да не пријавиш или да најдеш начин некако да се справиш со силеџијата.
 

Believe

Активен Член
30 јануари 2013
108
141
43
A како би се заштитила? На кој начин?
Ете пријавила...
Ништо не се случило...
Никаква мерка превземана од надлежните органи...
А не е способна да возврати удар.
Поточно и таа да го утепа од котек...
Да прати некој набилдан батка? :D
Па да се случи уште полошо...
Некои машки... немаат граници до каде е нормалата...
Не е до некои машки туку до нејзе што самата си се плетка кај што ни е местото или подобро кажано тоа што посеала тоа ќе си жнее никој не и крив ниту јас ниту некој друг.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Според мене, поголем дел од тие девојчиња се самите криви, зошто го дозволуваат тоа, не е оправдување тој да те тепа, и после тоа да кажеш ама не јас го сакам него, убаво ми е со него... ма дај, како може да ти биде убаво со некој насилник, имав другарка имаше 3 годишна врска со дечко што ја тепаше често, и остана со него од причината го сакам јас него... никогаш нема да ги сфатам тие девојки, кога гледаш дека е насилен остави го, додека имаш време и додека уште е рано, ако тој некој кренал рака на тебе еднаш ќе крене и втор пат... па колку сака нека се заканува, нема да останам со него во таква ситуација, фала богу ако не направи ништо полицијата, имам родители, тие се тука... ќе се најде лекот, не мора да се трпат заканите... имав и братучетка која одеше со еден и снимале клипче, и тој и се заканил дека ако раскинат ќе го покажел и ќе го ставил на youtube и таа остана со него уште некој месец кога не и скисна и одите кај адвокат и решија се, па после да видиш дали ќе прати, аха ќе биде, затоа не ги оправдувам тие што трпат насилство поради гореспоменативе причини :^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and parvati

georgi

Нов член
30 септември 2012
16
3
3
Самите си се криви што си наоѓаат такви типци :) а после кукааат :ladno
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: FallenAngel

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Оној маж што крева рака на жена, маж е само по она што го завеле во матична книга на родени.
По нашки кажано - Мудата во боксерки ги има само како за украс.
Ако не си бил доволно добар да ја задржиш, ќе ја уценуваш?
Ептен селски и мизерно...
Јас сакам кога сум со некоја да ужива со мене, и да е со мене затоа што сака да биде, а не зошто сум и’ се заканил дека ќе ја заколам :)
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Мислев дека сум силна и дека нема да му верувам кога рече дека ако го оставам ќе се убие пред мене и дека ќе го откриел моето грозно минато, но сепак ме фати најмногу страв од неговите фантазии, а тој е добар соговорник.Може секого да го заебе и да го натера да верува во глупости.Но сепак освен тоа друго искуство немам. А што мислам? Па мислам дека е многу мизерно и разочарувачки од некој кој до вчера ти бил се да дочекаш да ти се заканува и да ти биде непријател. Таквите луѓе не сакаат да сфатат дека е крај. И се согласувам со георги дека сама сум си крива што си го најдов, но од почеток изгледаше се совршено додека не го покажа своето право лице. Не ми се трошат зборови на ваква тема. Грозна е.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Мислев дека сум силна и дека нема да му верувам кога рече дека ако го оставам ќе се убие пред мене и дека ќе го откриел моето грозно минато, но сепак ме фати најмногу страв од неговите фантазии, а тој е добар соговорник.Може секого да го заебе и да го натера да верува во глупости.Но сепак освен тоа друго искуство немам. А што мислам? Па мислам дека е многу мизерно и разочарувачки од некој кој до вчера ти бил се да дочекаш да ти се заканува и да ти биде непријател. Таквите луѓе не сакаат да сфатат дека е крај. И се согласувам со георги дека сама сум си крива што си го најдов, но од почеток изгледаше се совршено додека не го покажа своето право лице. Не ми се трошат зборови на ваква тема. Грозна е.
зарем уште си со него? ако си тогаш богами не само што си крива уште на почетокот туку сега уште повеќе се вовлекуваш во таа неволја... остави го одма, не ти требаат такви... па ако сака и нека се убие... што сигурно нема да го направи тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and parvati

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
зарем уште си со него? ако си тогаш богами не само што си крива уште на почетокот туку сега уште повеќе се вовлекуваш во таа неволја... остави го одма, не ти требаат такви... па ако сака и нека се убие... што сигурно нема да го направи тоа...

Не не веќе има повеќе од месец дена како не сум со него. Сега сум среќна,заљубена и сфатена од многу подобар од него во секоја смисла на зборот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Никогаш сум немал закани од бивши. Само клетви :)
Имам чувство дека ме фати :frantic
Ми рече да не бидеш среќен со ниедна после мене......Их Ивано, кобник еден!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer, alba and Caci

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ова најчесто го трпат девојчиња кои немаат кој да ги заштити. Или се доволно глупави да мислат дека некој што ги удира е способен да чувствува љубов кон нив.

Тој што сака, никогаш нема да направи нешто да го повреди партнерот.

А машките што удираат, не се ни вредни за коментирање. Овде девојчето треба да се обрати кон некој член од фамилијата, кон некој другар на кој верува и да покаже дека не е сама во целата ситуација. Куче што лае, не каса. Имав една другарка, дечкото ја удри. Таа за среќа беше доволно разумна да му раскине уште одма. Па ја бараше, се закануваше дека ќе ја скрши од ќотек, дека ќе и го промени личниот опис... Таа кажа дома, па кога таткото нејзин го најде него и му кажа 2 реченици, овој уште еднаш не се осмели ни да ја погледне, а не па нешто повеќе. Ниеден татко нема да дозволи неговото дете ќотек да јаде.

И убаво вели Arkantos, што сатисфакција имаат кога знаат дека девојката е со нив само заради страв. Дека не се сакани, дека девојката длабоко во себе го проколнува. Тоа го може само некој тежок сељак, кој од Аца Лукас понатаму нема ништо видено.

Ниедно девојче не треба да молчи. Ако побара помош кај вистинската личност, секако дека ќе ја добие. Треба само да сака, а да не биде слепа и во заблуда дека тој што ја удира, по некоја логика ја сака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci, 4FUN and Arkantos