Болдот не си у право. Бог има формула од ништо да створи атоми. Нека биде ..... и бидна, како тоа си мислиш, Наука е тоа и тоа сериозна ... не зезајНели, цел универзум се сведува на хемиски елементи, кои се сведуваат на атоми, а атомските честици не можат да се родат, ни пак да се уништат, па од тука, заклучувам дека атомите постојат толку колку што се, и нема повеќе и помалку, само во различна форма. Така да истото го мислам и за универзумот.
Он топик: Иако не сакав да ја вмешувам религијата ќе мора бар до одреден степен не навлегувајки која вера или секта размислува.
Според религиите (која и да е, освен Будизмот и неколку помали), бог како творец на се’, нема ни почеток ни крај. Ете ви ја бесконечноста.
А според научното толкување (иако многу работи се неоткриени). Според првиот и вториот закон за термодинамика, невозможно е да постои креатор на енергија и материја. Оттука ако енергијата и материјата се нестворени (вечно постојат), без разлика во која форма Универзумот постои отсекогаш.
За многумина кои мислат дека од биг бенгот почнува се, не се во право согласно горното, а и науката никаде не вели дека тоа е почеток, едноставно нема претстава што било пред тоа. Има многу теории, стринг, мултиверзум, пулсирачка...итн, можда некогаш ќе дознаеме, а можеби и не, која од нив е точна, можеби и ниедна....