Дали постои почеток и крај?

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Lena лено ленче, татино девојче мамина галеница.... не се за џабе измислени мерките, за да се знае: единица мерка за време е секунда, а единица мерка за повшина или простор шо го викате е метар двадратен.
Нашата дебата ЗАПОЧНА пред 40 минути, а ќе трае уште кратко додека ве убедам и тоа ќе биде КРАЈ. Само инаетот ќе остане безконечен !
Темата ЗАПОЧНА вечерва, ќе оди намногу 4-5 страници, и после одредено време поради намалена дискусија ќе оди во канта и тоа ќе биде КРАЈ.
Постои крај и почеток секогаш, и ќе продолжи да постои бидејќи зборовите се апсолутни/фиксни означуваат мерки дали во метри , секунди, вати, терци, бајти, или што и да се сепак одбележуваат апсолутна вредност, а не релативна или промелива. Постои само максимум и минимум односно почеток и крај...средината е спонтаност но сепак завршува еден ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Careforwhat and MoonFairy

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Lena лено ленче, татино девојче мамина галеница.... не се за џабе измислени мерките, за да се знае: единица мерка за време е секунда, а единица мерка за повшина или простор шо го викате е метар двадратен.
Нашата дебата ЗАПОЧНА пред 40 минути, а ќе трае уште кратко додека ве убедам и тоа ќе биде КРАЈ. Само инаетот ќе остане безконечен !
Темата ЗАПОЧНА вечерва, ќе оди намногу 4-5 страници, и после одредено време поради намалена дискусија ќе оди во канта и тоа ќе биде КРАЈ.
Постои крај и почеток секогаш, и ќе продолжи да постои бидејќи зборовите се апсолутни/фиксни означуваат мерки дали во метри , секунди, вати, терци, бајти, или што и да се сепак одбележуваат апсолутна вредност, а не релативна или промелива. Постои само максимум и минимум односно почеток и крај...средината е спонтаност но сепак завршува еден ден.
И што сакаш со тоа да кажеш?
Дека времето има почеток и крај?
И дека 1 секунда е почеток?
На што?
На ова време што сме го смислиле ние?
Луѓето?
Постои универзум овој наш
пред него постоел друг,
(не е се започнато со големиот Биг Банг)
пред него друг..
Не се во прашање само 13.7 милијарди години
( временски мерено)
ќе постои следен, и следен и следен универзум..
Ќе постои следен и следен и следен Мајор
и секундите, минутите, саатите се ништо, само манипулација на времето ( да ни бидат поинтересно животите)направени од некој си,
не е ни битно кој..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and Idiot

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Човековиот мозок не може да го прифати поимот бесконечност. Затоа е тешко да прифатиме дека нешто нема ниту почеток ниту крај.

Просторот, колку толку можеме да го видиме. Доколку универзумот е бесконечен, тогаш може да утврдиме дека просторот (глобално) нема почеток ниту крај. Одредени делови од просторот (за нас луѓето на нашата планета) имаат. Самата земјина топка има одредена граница, каде завршува и започнува универзумот. Но, сепак и покрај таа граница, просторот постои и на планетата Земја. Што значи, просторот е бесконечен, но има делови, што значи има граници, што значи - има почеток и крај. Во рамка на деловите. (wasntme)

Времето е измерено постоење. Тешко е да се објасни нешто кое не постоело, 5 пати ја започнав оваа реченица во обид да се изјаснам. Пред да се создаде планетата Земја, не постоело времето бидејќи ние луѓето сме го создале. Човекот ги измислил поимите "ден", "час", "секунда", инт. Зошто човекот мора да биде ориентиран во неговото постоење (во времето), не може само да постои. Мора да го измери постоењето за да не се чувствува изгубен (во времето).

Кога ќе размислам од овој аспект, сфаќам дека сепак времето има почеток. Почетокот е оној момент на неговото измерување (создавање на поимите "година", "месец", "недела", "ден", итн).

This shit is getting confusing. Има почеток, ама нема, има крај, ама нема. Коментаров го пишувам пола саат, зошто не можам да се одлучам, ми текнуваат милијарда работи поврзани со тематикава и никако не можам да се изјаснам. Всушност не знам. Колку пати и да размислувам за ова во животот, никогаш нема 100% да знам. Невозможно е некој да знае, всушност е ствар на перпектива.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and Arkantos

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Lena и Idiot овие ситници што јас ги набројав се само показатели кои докажуваат дека постои крај и почеток на се, за што досега сте слушнале.
Ленче ќе постои и следен Мајор, ама бледа копија на оргиналот...100% идентичен клон нема да се најде, значи еден оргинален на свој начин со свој почеток и крај.
Не знам зошто ја раздлабуваме темава без врска, ај на сите ваши твдења дека пред тоа постоеле други светови, и дека после крај на овој ќе настане нов и пак со луѓе и шо ти знам јас таму...ај баш посочете некој факт па ќе продолжиме да дискутираме.
Во спротивно вашите аргументи ќе ги сметам за неточни и невалидни, и ќе биде КРАЈ на дискусијата.
Иначе Идиот ,јас ти ја разбрав поентата на темата.
Метафорично сакаш да кажиш дека на капутот му поминува времето, но не и на модата. Еее не во сите случаи е така како што мислиш.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
The_Mayor. Прво. Потфорумов е Философија, нема што да се докажува сите индиции се дека не постои ни крај ни почеток, нашиот ум е ограничен да “види“ само 3 димензии + време, дали тоа е реалноста е дискутабилно. Второ Секоја последица има своја причина, не постои такво нешто како прапричина. Трето зошто факт? Посочивме примери, каде е почетокот? Ни ти не можеше да посочиш и никој не може. Кога се’ почнало? Никој не знае.

Постојат различни интензитети на постоењето, различни форми, но крај и почеток не може да има.

Синтакса
Еден човек гледајќи во своите равенки,
Рече дека вселената имала почеток.
Се случила експлозија, рече тој.
Експлозија над експлозиите, и вселената беше родена.
И таа се шири, рече.
Дури ја пресмета и должината на нејзиниот живот:
Десет милијарди вртења на Земјата околу Сонцето.
Сите на земјината топка воскликнаа од радост;
Неговите пресметки ги нарекоа наука.
Никој не ни помисли дека претпоставката на овој човек
За почетокот на вселената е само одраз
На синтаксата од неговиот мајчин јазик.
На синтаксата на која и се потребни почетоци, како раѓање,
Развој и созревање,
И крај, налик на смртта, како факти
Вселената имала почеток,
И старее, нè убедува тој човек, и ќе умре,
Како што умираат сите работи,
Како што умрел и самиот тој, откако математички
Ја потврдил синтаксата на својот мајчин јазик.

Поинаква синтакса

Дали вселената навистина имала почеток?
Дали теоријата за големата експлозија е точна?
Ова не се прашања, иако така звучат.
Дали синтаксата на која и се потребни почетоци, развои
И завршетоци, како факти, е единствената синтакса која постои?
Тоа е вистинското прашање.
Постојат и поинакви синтакси.
Еве една, на пример, која бара
Различниот интензитет да се земе како факт.
Во таа синтакса ништо не започнува и не завршува.
Според неа, раѓањето не е чист, јасно одвоен настан,
Туку посебен вид на интензитет,
А истото важи и за созревањето и за смртта.
Човек со ваква синтакса, прегледувајќи ги своите формули,
Заклучува дека пресметал доволно различни интензитети,
За да може со сигурност да каже
Дека вселената никогаш не започнала
И никогаш нема да заврши,
Туку дека минува, сега минува, и ќе минува,
Низ бескрајните колебања на интензитетот.
Таквиот човек со право би можел да заклучи дека,
Самата вселена е воена кочија на интензитети
И дека човекот може да се качи на неа,
За да може да патува низ бескрајните промени.
Тој ќе го заклучи сето тоа и многу повеќе,
А можеби никогаш нема да свати
Дека само ја потврдува синтаксата
На својот мајчин јазик.
Карлос Кастанеда - “Активната страна на бесконечноста“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and Lena

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А бе муабетов му доаѓа нешто како ...Кој е постар кокошката или јајцето...?? Па нормално дека се има почеток и крај .... само можда нашата интелегенција е ограничена па она што не можеме да го дефинираме и ограничиме (зашто не ни е доволно познато и сфатливо) па го дефинираме како бесконечно...
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
А бе муабетов му доаѓа нешто како ...Кој е постар кокошката или јајцето...?? Па нормално дека се има почеток и крај .... само можда нашата интелегенција е ограничена па она што не можеме да го дефинираме и ограничиме (зашто не ни е доволно познато и сфатливо) па го дефинираме како бесконечно...
А зошто би било нормално да има? Јас вака од Идиотска перспектива, мене ми е нормално да нема. Нормалното за некого е ненормално и обратно. Се е релативно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Напротив,
нашата интелегинција може да биде неограничена,
човекот за време на својот живот е способен да учи и со тоа да ја развива и шири
својата интелегинција до бескрај,
и да интелегенцијата завршува со смртта нели?
Но верувам дека инелегенцијата се пренесува понатака( пошто верувам дека во секој од нас постои универзална енергија)
и сето тоа е тесно поврзано со длабоката интелегенција.
Универзумот се шири и можно е да го снема
но постои и друг мега универзум
од кој овој универзум е дел итн..
Друго за The_Mayor,
времето( календарот, саатот)е математички пресметано
и ограничено,
но математиката оди понатака.
Нели има неограничено многу броеви
( каде е крајот на броевите испод-,
а каде крајот на броевите над нулата+ ?)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims, cakar_ulav and Idiot

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А зошто би било нормално да има? Јас вака од Идиотска перспектива, мене ми е нормално да нема. Нормалното за некого е ненормално и обратно. Се е релативно
Немој така “идиотска перспектива“ ...;) а инаку убаво си кажа се е релативно...секој си има свој став и свое мислење...кај мене во главата се има свој почеток и крај (знаејќи дека се има свој почеток и крај некако ми е почиста сметка)...кај тебе е бесконечно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Немој така “идиотска перспектива“ ...;) а инаку убаво си кажа се е релативно...секој си има свој став и свое мислење...кај мене во главата се има свој почеток и крај (знаејќи дека се има свој почеток и крај некако ми е почиста сметка)...кај тебе е бесконечно...
Ај погледни ми го корисничкото име, тоа Идиотско се однесуваше на мене, немам намера некого да навредувам.
Претставата што сите ја имаме, каква-таква, не значи дека мора да кореспондира со вистината. Многумина само од страв од бесконечноста или неможноста да си претстават што е бесконечно не сакаат да прифатат дека е можно да нема почеток. Можеби сме само дел од Матриксот. Дали она што нашите сетила го восприемаат се наши перцепции? Ниту нештата почннуваат со нас, ни завршуваат. Убаво посочи Lena, кој е најголемиот број?
Веројатно ќе се сложиш дека секоја последица има своја причина. Како ако се има своја причина може да има почеток? Зошто ли бесконечност во математиката и физиката се означува со знакот?

П.С. Обрни внимание на постот со цитатот од Карлос Кастанеда, ама прочитај го барем (пост бр. #15)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena