Сакам да кажам/Сакам да прашам

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
сакав нешто да кажам ама ми избега мислата (facepalm)

Аааа дека МНогу ми е криво што Дејан Манасков се повреди и нема да игра шест месеци ..Металург доби една дупка во крилото(worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
СДК зошто повеќе нема насмеани луѓе од 6ка до 6ка,љубов,верба,надеж? Ако се купува некаде јас ќе го заложам мојот лаптоп (wasntme)
Некои не се свесни колку се среќни а кукаат зошто и се избришал лакот на ноктите :D Абе дај не ме зезај,види го денот шо убав е излези во парк прошетај се.
Имам една желба: Времето да застане да нема разделби сиот свет да замолчи да не се слушне ''одам збогум заминувам'' ниту ''пиши ми понекогаш''
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
СДК нема поубаво да се разбудиш а до тебе да биде љубовта на твојот живот,да те гали додека спиеш,да те бакне за добро утро...(inlove)
Сакам пак....................и пак.........................и пак.........(inlove)
Убав,сончев почеток на првиот ден од 7миот мецес откако сме заедно(sun)
Пријатен ден форумџии,бидете позитивни како 1ви Март :)

Зборувам на фреквенција на љубовта(happy)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Eи ви цуре што га чекате принца на коња, а успут ви се појављаф само коњи, фатите јавајте некога, една е младос лудос.. : )

Скд двојка hah Ичера на девојку ми сестра ми гу пушти песну да гу чују, како турска стара касета у индиски тужан филм ни е евровизиска трака .... До ск на Владу беше најјака трака од сфи !
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
СДК сега прочитав на некој портал дека
Алиша Кис призна: „И јас сум Македонка“


Знаев од порано за Џеј Зи , мислам нема кажано човекот, ама се гледа по него дека е од наш крај, а за Алиша ... има црти како да е од струмичкиот регион ... Добро е, за следна година имаме барем јак тандем (дует) за евровизија :igra

(facepalm)
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
СДК сега прочитав на некој портал дека
Алиша Кис призна: „И јас сум Македонка“


Знаев од порано за Џеј Зи , мислам нема кажано човекот, ама се гледа по него дека е од наш крај, а за Алиша ... има црти како да е од струмичкиот регион ... Добро е, за следна година имаме барем јак тандем (дует) за евровизија :igra

(facepalm)


Барак Обама корените му се од Македонија, поточно Прилепско...затоа и имаме добри односи со нив.
Папта што си даде оставкса ти е од Моноспитово, сега ќе се врати затоа и си даде оставка
Феликс кој скокна од 40 км неговите живееле порано во Пиринска Македонија
и што уште не испадне дека е добро во светот, мора 16-то колено да му од Македонија.
Заборавив Федерер во собата има Македонско знаме, и он исто така.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
And I'm back. Не знам колку ви е мило што ме гледате, ама мене ми е мило што повторно сум овде со вас.

Не сум по долгите постови и секогаш се трудев да напишам што пократко зашто знам дека многумина нема ни да прочитаат кога ќе ја видат големината, ама ова ќе биде долг пост, можеби и најдолгиот во мојот форумски живот.
За време на мојава казна, околу 20-тина дена научив доста работи.

Како прво сакам да кажам дека да добиеш казнен поен за оф-топик во оваа тема (СДК-СДП) е нелогично, колку и да земеш шмиргла и да си го избришеш г*зот по голема нужда. I'm just saying. Не мора одма да ми ударате казнени.

Како второ научив дека у светот општо владее неправда и дека најчесто оние кои се најчисти во сето тоа, ќе си го изедат стапот ко од шала, а ако прашаат ама зошто, ќе добијат дупла порција ќотек. Демек требало некој и да послужи за пример за останатите, мижи митро толумби паѓаат.

Како трето научив дека има доста неписмен народ во Македонијава, тешко нас, каква иднина не чека. Фризер не било фризер, туку флизер. (facepalm)
Ама така е кога се читаат трач рубрики наместо книгата по македонски да се држи.

Како четврто заклучив дека slb_bobo, melpomena и остала банда уствари не биле мрчатори, туку имале само поинакви мислења од другите, а нели штом е нешто поинакво одма кај другите се прифаќа со презир. По се изгледа и ја се претворам во мрчатор како нив.

И последно сакам да упатам и еден поздрав до alba која како мене си изеде банче затоа што се бореше за туѓите права и слободи.
Те чекаме да се вратиш girl, знај дека не те заборавивме.

И сигурно има уште многу работи за кои би промрчел во моментов, ама моментално толку ми текнуваат. Засега толку од мене.
Поздрав и се' најдобро. :)