Срамота

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Зошто да отпочнам со пишување кога веќе се’ кажано?
М, да, долго време си го поставував ова прашање и дискутирав со огледалото: Дали треба, или не треба да го запишам сето ова? На крај заклучив: Иако ќе кажам нешто што е кажано милион пати, луѓето повеќе ќе ги замисли кога ќе им биде сервирано на купче. Сакале или не сакале ние да признаеме, светот и човештвото функционира така. Не го гледа она што му е пред нос се’ додека истото не биде посочено, болдирано, истакнато.
И, да се вратам на она главното што си го имав за цел. Неправдата е мојата цел. Онаа што ја има надвор низ улиците, кога некое малечко детенце има некаков недостаток(читај: проблем со вид, дебелко итн.) секогаш ќе биде исмејувано, тргано на страна, иако можеби со способностите што ги содржи на интелектуален план е многу повеќе издигнато од сите други дечиња без недостаток. Сакам да зборувам за неправдата која ја прават Владетелите врз Робовите. За неправдата кога еден човек е почитуван иако не вреди ни 1 денари, но се додека има висока функција, а кога истиот тој човек ја губи функцијата, истите тие кои претходно го лижеле патот под неговите нозе забораваат дека постоел.
И тука е мојата цел: Сакам да дискутирам како малите умови секогаш го почитуваат Функционерот се’ додека е на власт, а кога ќе биде ист каков нив ги фрлаат валканите работи врз него, или пак забораваат дека воопшто се’ уште чекори по земјава.
Неодамна се случи нешто такво и тука на форумов. И се згадив од сите ВАС, оние кои знаете да плукате, а подоцна да лижете кога ви одговара, и да заборавате исто така кога ви одговара. Срамота, како ли треба да се наречат таквите личности?
Уличниот назив за нив е: Газолижачи. М, мислам дека и не може да се најде некој друг назив, кој би бил „културен“ бидејќи таквите луѓе се од улицата, па за нив следат улични називи.
М, многу жалам што овој текст е полн со негативна енергија. Исто така жалам што ќе следат лавина негативни зборови од оние што ќе се препознаат во редовите, но не жалам за ниту еден напишан збор.
За крај сакам да кажам. Има тука една личност, до не одамна со фунција, таа е личност која ја сакам и почитувам како што се сакам и почитувам себе си. Ја почитувам поради убавината на нејзините зборови и размислувања, не ја почитувам поради функцијата која ја имала или ја има или пак ќе ја има. Според мене таа е рангирана на една од челните позиции, но срамота за оние што не одамна лижеле пред неа, а сега забораваат и плукаат.
Срамота...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јас пак ке кажам дека не е толку срамота што не секој поседува ист осет за објективност и човечност.
Сите сме растеле во различни околини и под различни услови.
Нема мерка и мерило за тоа.
Како што нема ни за доброто ни за лошото.
Нечие добро за мене може да биде и најлошо,и обратно.
Но срамота за непочитување на демократија.
Не,не зборам за политика,зборам едноставно за Срамота.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Односот кон луѓето го сфаќам пре сериозно.

луѓето што се надвор во реалниот свет онакви какви се за жал исти се и во форумов
него веќе кога ја отвараш темава баш би сакал да ја спомнеш личноста некогашен модератор кој е ??
дволичноста била и ќе биде составен дел на многу личности во денешно време едноставно зборот морал почнува да се губи ....
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
луѓето што се надвор во реалниот свет онакви какви се за жал исти се и во форумов
него веќе кога ја отвараш темава баш би сакал да ја спомнеш личноста некогашен модератор кој е ??
дволичноста била и ќе биде составен дел на многу личности во денешно време едноставно зборот морал почнува да се губи ....
Помислив дека сум ептен јасен со зборовите и нема потреба да ја именувам, ама ок, чим барате. Воопшто не ми се допаѓа односот на Админот, кон lady_blue .
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Помислив дека сум ептен јасен со зборовите и нема потреба да ја именувам, ама ок, чим барате. Воопшто не ми се допаѓа односот на Админот, кон lady_blue .
не бев активен едно време на форумов затоа и не сум запознаен со случајот
за неа можам да кажам позитивно мислење не сум влегов во судир со неа била секогаш корекна е сега добро би било кога веќе ги нзаеш дволичњаците да ги наведеш и нивните имина тоес аватари :pusi
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
не бев активен едно време на форумов затоа и не сум запознаен со случајот
за неа можам да кажам позитивно мислење не сум влегов во судир со неа била секогаш корекна е сега добро би било кога веќе ги нзаеш дволичњаците да ги наведеш и нивните имина тоес аватари :pusi
А, не, обожавам да ги оставам сами да се препознаат :)