Се согласувам со сето напишано, но што доколку некој друг ти укажува дека твојата вистина е погрешна перцепција или некој вид на погрешно ги осознаваш работите, што тогаш ке го сметаш за наметнување на неговата вистина а притоа си свесен дека тој некој е во право. Дали би го сменил ставот односно би го прифатил ај да речам неговата вистина ?Сите имаме своја вистина, но колку таа вистина ќе егзистира зависи од неколку работи како: егото, подложноста на влијанија, начинот на спознавање на околината, личната самосвест и сл.
Човек со големо его никогаш нема да признае дека нечија вистина е подобра од неговата. Од друга страна пак ако некој е многу подложен на влијанија, својата вистина ќе ја изгуби некаде во кашата од туѓи вистини. Да не набројувам натаму, мислам дека е непотребно.
Но својата лична вистина никогаш не може да биде апсолутната вистина. Личната вистина и нејзиниот век на траење за мене се еден од основните фактори за креирање на карактер. Околу последното прашање, не сите имаат потреба да ја докажуваат личната вистина. Лично јас речиси секогаш чувствувам потреба да ја покажам мојата вистина (еве баш сега со постов го правам тоа) затоа што сметам дека мојата вистина треба да биде резултат на она што јас сум го спознал досега. Кога би прифатил туѓа вистина, тоа значи дека би го негирал своето спознание и би прифатил туѓо кое исто како моето никогаш нема да ја достигне апсолутната вистина.
(те цитирам ради потребата за изкажување на твојата вистина)