Се надевам дека знаете за човеков, а ако не знаете ќе ми биде мило ако одвоите неколку минути за да го прочитате ова што следи.
(Ако темава треба да оди во Музика, модератори средете )
Факундо Кабрал потекнува од Аргентина, се карактеризира со прекрасни текстови кои најчесто ги цитира во придружба на гитарче или само пијано. Незнам воопшто зошто зборувам во сегашно време кога Факундо веќе не е меѓу живите од 2011 година кога беше убиен во Гватемала.
Во продолжение ќе следи превод од една негова изведба... Според мене најдобрата.
Ти не си депримиран, ти си расеан, расеан од животот што следува, расеан од животот што те опкружува: Делфини, шуми, мориња, реки.
Не паѓај на тоа што паднал брат ти, кој страда затоа што е човек, кога на светот постојат уште милиони други од неговиот вид.
Меѓу другото, и не е толку лошо да се живее сам. Јас си поминувам прекрасно. Одлучувам секоја секунда што сакам да правам, и благодарение на осаменоста, препознавам нешто фундабентално за живеење.
Не паѓај, каде што паднал татко ти, кој се чуствува стар затоа што има 70 години, заборавајќи дека Мојсеј на 80 години го водеше егзодусот, а Рубинштајн го свиреше Шопен како никој на 90 години. А ова е само цитирање на два познати случаи.
Не си депримиран, ти си расеан, затоа веруваш дека си изгубил нешто, а тоа е невозможно, бидејќи се’ ти е дадено. Не си направил ниту едно влакно од твојата коса и по тоа се гледа дека не можеш да бидеш сопственик на ништо.
Меѓу другото, животот не ти одзема нешта, тој само те ослободува од нив. Ти олеснува да можеш да леташ повисоко, за да ја постигнеш „потполноста“.
Од колевка до гроб, се’ е училиште, и затоа она што го нарекуваш „проблеми“ всушност се лекции.
Не си изгубил никој кој умрел, тој само подранил, бидејќи таму одиме сите, а и најдоброто од него, љубовта, се’ уште е во твоето срце. Кој би можел да рече дека Исус е мртов?
Не постои смрт, постои „премин“. А на другата страна те чекаат прекрасни луѓе, Ганди, Михеланџело, Витнам, Сан Агустин, Мајка Тереза, баба ти, мајка ми, која веруваше дека сиромаштијата е поблиска до љубовта, бидејќи парите не’ „растресуваат“ со многу работи, и не’ разделуваат едни од други.
Прави го само тоа што го сакаш и ќе бидеш среќен, тој што го прави она што го сака е осуден на успех. А успехот ќе дојде кога ќе треба да дојде, бидејќи ќе биде она што мора да биде, и ќе дојде по природен пат. Не прави ништо поради„обврска“ и „користољубие“ се’ прави поради љубов!
Ако тоа го правиш ќе има целост, а во целоста се’ е возможно.
Без труд, природната сила на животот, ме подигна од дното, во моментите кога падна авионот заедно со жена ми и ќерка ми.
Истата таа природна сила на животот, ме одржуваше во живот, и во периодите кога лекарите ми предвидуваа уште 3-4 месеци живот.
Господ на грб ти стави едно човечко суштество, да се грижиш за него, а тоа суштество си ти самиот.
Ти самиот треба да се направиш слободен и среќен, после ќе можеш да го споделиш животот со другите. Запамти го Исус„Сакај го ближниот како самиот себе си“
Помири се со самиот себе си, застани пред огледало, и запомни дека тоа дете кое го гледаш е дело на Господ, и одлучи во моментот дека сакаш да бидеш среќен, бидејќи среќата...се стекнува.
Меѓу другото, среќата не е право туку обврска, затоа што ако не си среќен, го загрозуваш маалото.
Така еден човек, кој немал ни талент, ни храброст за живот, наредл да се убијат шест милиони браќа еврејци.
Има толку нешта за да се уживаат, и нашето време за тоа е толку кратко, што да патиш е само губење на време... Имаме да уживаме во зимскиот снег, пролетните цвеќиња, чоколадото на Паруџа, фрацускопт „баџете“ или мексиканскиот такос, или виното од чиле, морињата, реките, бразилскиот фудбал, „Илјада и една ноќ“, „Боженствена комедија“ „Дон Кихот“, Педро Парамо, Песните на Витман, Молиер, Моцарт, Шопен, Бетовен, Караболо, Рембрант, Валаскез, Пикасо, Тамајо и уште многу чуда.
И ако имаш сида или рак, може да се случат две нешта, а и двете се еднакво добри. Ако те победи, ќе те ослободи од телото кое е толку досадно: ми се јаде; ладно ми е; ми се спие; имам желба да...;имам право;имам сомнеж. А ако ја победиш, ќе бидеш поскромен, поблагодарен, и полесно среќен.
Ослободен од големиот товар на вина, одговорност и суета, подготвен да го живееш секој миг, онака како што треба.
Не си депримиран, расеан си. Помогни му на детето на кое му требаш, тоа дете ќе биде другар на син ти. Помогни му на постариот. И младите ќе ти помагаат кога ќе ти треба. Покрај тоа, услугата е безбеден пат до среќата. Како и уживањето во природата и грижата за она што доаѓа.
Давај без мерка, и така ќе ти даваат.
Сакај додека се претвориш во „саканиот“ сакај дури додека се претвориш во самата љубов.
Нека не те замислуваат малкуте убиства и самоубиства, Доброто е побројно од лошото, но не се забележува, бидејќи една бомба прави повеќе бука отколку прегратката, но сепак има една бомба која уништува милион допири нежни, која уништува живот.
Малку добри зборови сум примил, слични на зборовиве, кои ми се чини дека не се дојдени само од една добра душа, туку дојдени се од една човечка душа.
Дај Боже да уживаш исто како јас, и дај Боже сите да уживаат, во зборовиве.
Се вели, „Да се живее“ и треба помалку да се жалиш, зар не мислиш и ти така?
(се извинувам во правописните грешки, ги има многу ама брзав а сега ме мрзи да преправам )