Факундо Кабрал

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Arkantos
Точно е дека се што сме мислеле го мислел и кажал некој пред нас, но проблемот кај мистер Факундо е што тој е далеку од било каков мајстор, тој не успеал да "склопи нова машина со стари делови". Она што го проповеда Кабрал е толку преџвакано, толку досадно што јас сега можам да ти најдам дузина слични текстови од исламски, еврејски и разно разни источни мудреци. Формата е поразлична, но суштината е таа.

Мојот атеизам нема никаква врска со мојата одбивност спрема типов, постојат теисти-филозофи кои не би се осмелил да ги исмевам иако не се согласувам со нивните ставови ама ајде, стварно сметаш дека типов кажува нешто посебно? Далеку е од нив, тој си е еден од многуте на кои религијата им е потреба и и се препуштаат како робови, за потоа да си дадат животна мисија - млатење празна слама.

Кажи ми каква е таа "нова машина од стари делови" која ја склопил Кабрал? Сакај го животот, биди Господов роб и нека не ти биде гајле, во рајот ќе бидеш награден. Ако веќе користиме метафори, тоа е стара машина од престари делови. Извини ако не можам да сфатам сериозно лик кој ми кажува дека ако добијам рак или СИДА, тоа е win-win ситуација за мене.

Секако дека го прогуглав, тоа го направив уште пред да пишам на темава, "who the hell" беше кажано во друг контекст, неговата популарност не ми менува ништо... и Џастин Бибер е популарен.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
dystopian
Правиш многу банални компарации Факундо Кабрапл vs. Џастин Бибер. Гледај ја популацијата врз која ја шири својата популарност Факундо, и спореди ја со Џастин Бибер(деца).

Неговото постоење за тебе е млатење празна слама, а за мене секој збор има смисла, и иако половина од зборовите сум ги прочитал во Библијата, милувам да ги читам и слушам како што Факундо го кажал. Можеби затоа што и мене ми е потребна религијата, но не за да бидам роб, туку за да не чекорам по земјава без вера во себе.

Многу ми е жал што ги гледаш многу плитко речениците на Факундо. Не е тоа вин-вин ситуација за тебе, туку ти дава начин како да не паднеш во депресија и да го преживееш полесно она малку што ти останува, или борбата со која можеш да се справиш.
Затоа што ако имаш СИДА и ако почнеш да се туфкаш - ќе умреш пред време, ќе згаснеш пред да те победи болеста.

И не кажал Факундо да бидиме робови, кажал да уживаме во тоа што ни го подарил Бог(ќе ги употребам неговите зборови), да не правиме гробишта од земјава, да бидеме храбри, затоа што така еден човек, кој немал ни талент, ни храброст за живот, наредил да се убијат шест милиони браќа еврејци.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
- Ова е последниот негов концерт. Моментално работам на преводот, ќе ми треба малку време(ден или два). Го постирав предвреме за оние што го разбираат јазикот.