Промена на статус - од сингл во врска

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
За да ја отворам темава,ме испровоцираа едни коментари од моите другарки упатени кон мене пред некој ден.
Коментарите (глупи) почнаа уште додека бев на почетокот на врската,беа од типот: ааа ти уклучуваш бесплатни минути за него, зашто не уклучуваше за нас? ааа ти по цел ден си излезена со него,а кога си со нас ти викаат од дома кај си цел ден што те нема да се прибереш, за него не ти викаат ништо? И уште ред други упатени од почетокот до сега, а како капак беше последниов период што имам испитна сесија и времето ми поминува во учење,идење на факултет,релаксирање на интернет и гледање со дечкото,притоа,за време од 2 недели 5 пати се имам видено со другарките, и ми доаѓа една вчера со коментар: кај си да се видиме?јас знам дека имаш за учење,ама како со него се гледаш? како за него имаш време а за нас немаш? А јас како да и објаснам дека сум заљубена во него, а не во нив? Дека со него ќе водам љубов,а не со нив? Дека он ми недостасува а не они? (btw они немаат дечковци)
Пред 3-4 години кога немавме дечковци,а кога една другарка од друштвото имаше,не ја разбиравме и и се лутевме кога ќе кажеше, не можам да дојдам да се видиме,ќе одам со дечкото, или за одмор ќе одам со него,за нова година со него,за било што со него-што е сосема нормална работа нели.


Муабетов ми е, кои се промените кои настануваат (во однос на друштвото) од моментот кога влегувате во врска?
Како они реагираат кога ќе им кажете, еј вечерва не можам да искочам со вас,треба да се видам со него/неа?
Колку вашите пријатели имаат разбирање за вас?
Колку имаат разбирање за тоа дека ќе имате помала слобода во правење на некои работи,на пример излегување во град и сите тие глупости што сте ги правеле претходно кога сте излегувале?
Дека ќе имате помалку слободно време за нив?
Ви се лутат ли кога излегувањето во град со нив ќе го смените за една вечер помината со партнерот/партнерката?

На темава слободно можете да пишувате за вашите искуства со вашите пријатели и нивните замерки упатени кон вас во моментите кога помалку внимание сте им обрнувале на нив затоа што некоја битна личност влегла во вашиот живот.
Исто така можете и вашите замерки упатени кон вашите пријатели да си ги кажете,па да видиме колку сте во право:p
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ич не ме интересира што ќе кажат другарките. Ако се вистински пријатели, ќе имаат разбирање, почит и трпение. Секако дека врската и дечкото/девојката се поважни. Не викам дека не се важни пријателите, општо пријателството и дека треба да се запостават. Но, најнормално е слободното време да го поминуваш со партнерот, а со друштвото да се гледаш 2/3 пати месечно. Сепак, се има и други обврски, дома, факултет/училиште, работа,... Премногу ми е лицемерно и не фер да те стават во ваква ситуација. А најмалку разбираат оние кои не се во врска.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Увек се наваѓа време и за другари и за девојку : )
Никад не су ми се љутиле другари кд ке кажу дека киду сс девојку и дека тј вечер нема да сам сс њима
Ни на мене, ни на други што имаф девојку
Ми се увек дупимо и заебаамо као демек а у папучаааааааааар тија такфи стфари, али сфе е тој заебанција
Никад не смо се скарале у врску сс овој, никад уопште не смо се карале за било какфи девојчиња : )
Има време за сфе !
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
На почеток на врска обично секое слободно време гледаш да го поминеш со љубениот. Најнормално, заљубени сте до уши да можете и во ве це ќе одите заедно. Не е точно дека време за друштво се нема. Што ќе биде во иднина ако се омажиш и имаш деца плус? Треба да ги исклучиш комплетно? А ќе ти требаат верувај, ќе посакаш пак понекое лудо излегување и глупирање со нив иако сега мислиш дека само тој ти е доволен па нека е и крај на светот.
Некогаш и тие претеруваат и треба да им се објасни убаво што и како, дека не можат да останат работите комплетно исти, баланс некој треба во секој случај. Можат да те остават да правиш како сакаш и да не ти ствараат притисок но веројатно им недостига дружбата со тебе или гледаат дека правиш класична грешка-опседнување со дечко и нагло запоставување на многу работи што до тогаш ти биле битни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe, Arkantos and Sugar

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Промената на статусот од сигал во врска е мн битен за психо-физичкото здравје на човекот особено битен е ако таа промена е направена на ФБ :zelen
Темата нешто у стилот е си фатив дечко и другарките ми се љубоморни а дома моите не ме пуштаат да излегувам кога сакам :zelen епа или ке му раскинеш на дечкото или групен секс сите заедно :zelen
Да не имаше ваква тема ама со поинаков наслов :unsure како и да е ...
Јас сум го немала тој проблем мада речиси сите другарки имаат дечковци и тоа од различни градови се гледаме кога имаме време се поретко и не заради дечковците тука ради различните обврски ама затоа мобилните патат :zelen Се случувало и по 2 месеци да не се видиме и кога ке се сретнема нема никакви тензии или љубомора туку како од пред 2 саати да сме разделени и сето ова го зборувам за оние вистинските другарки и другари зш нели различно е другарка од пријателка бар јас така сметам:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Како што и самиот вовед кажува,ако јас сум немала разбирање за некого и тие истите ке немаат за мене.
Не сум имала вакви проблеми,дури се чудам што читам.
Тие што ми се вистински пријатели од секогаш сме го делеле скоро истото мислење.
Кога некоја ке си фати дечко какви сме тоа ние пријателки ако немаме разбирање за нејзината среќа?
Што доколку нејзината врска заврши?
Па и да заврши,какви сме тоа ние пријателки ако не ја прифатиме се да биде исто како претходниот период кога таа не била во врска?
Неможам да ги разберам овие недоеразбирања.Прво јас да и замерувам а после да се чудам што за истото мене ми замеруваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Мене па ме интересира што ќе кажат другарите. Зошто сепак,они биле со мене и кога не сум имал и кога сум имал девојка. Језда немам дојдено во таква ситуација,најверојатно затоа што знам да балансирам измеѓу тие две и секој ме видел кога сакал и кога ја сум сакал. Банално е да се лутат другарите заради девојка,но сепак,сите би се лутеле ако некој што ни е драг не го гледаме долго време. Барем јас мислам дека врската не треба да биде повод за станување опсесивен и целото слободно време да биде врска. Зошто станува досадно така :)
 

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Можеби ти се љубоморни :rofl како и да е јас се си мислам дека е до времето, односно да се направи некаков избалансирање па така да те има секаде по малку но сепак доволно.