Не лути ни се,99% од членовите на форумот сеуште немаат доживеано ни дел од сево ова заради нивната возрастЕ ме испровоциравте
Додека сте мали, на мајка ви и викате „Мамо, Те сакам“. И ја сакате со сето свое срце и душа. И тука нема место за дискусија, затоа што навистина ја сакате, и најлошите работи на свет да и’ ги кажувате, пак во вас се крие чувство на љубов.
Поминуваат години, таа умира, вие се чуствувате дезориентирано без неа.
Тоа било поради навиката на неа?
НЕ, тоа било поради тоа што ви треба нејзината подршка, нејзината љубов, нејзината прегратка.
- ете еден доказ дека постои вистинската љубов.
Растете со текот на времето запознавате некого, му кажувате дека ви е се’, и буквално така чуствувате. Правите што се што е можно да бидете подолго со него. Ве смее од срце. Ве нервира до степен што ви доаѓа да го убиете. НАВИКНУВАТЕ на неговиот ритам, го терате и тој ДА СЕ НАВИКНЕ на вашиот. Почнувате да живеете заедно, станувате зависни еден од друг. Ако не се видите еднаш дневно скренувате. Како потреба ви е. Ви требаат бакнежи, телесна близина, ви треба се’ со него/неа.
Помислувате на разделбата(смрт) и колениците ви се тресат.
Потоа од таквиот однос се создава нов живот - дете, го гледате и исто колениците ви се тресат, од радост од убаво чуство ОД ВИСТИНСКА ЉУБОВ, од потреба да го заштитите и него и тој што ви го подарил него. Очите ви светат од волја да бидете со нив, да живеете со нив.
Им кажувате дека ги сакате најмногу на светот, дека без нив сте ништо, дека не можете да опстоите без нив(тоа и го мислите)
- и после доаѓате на Форум ве прашуваат дали постои вистинска љубов и вие филозофирате дека не, дека е само навика.
Ахам да... ви поверував![]()
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Кога ке се стресат колениците,сите ке знаеме.