Многу се мили,јас во последно време размислувам да си купам едно
Како твоево мислење се вклопува во темава, не ми е јасно? Од нигде никаде залетуваш, и одговараш на прашање кое никој не ти го поставил а верувам дека на никому на овој свет не му е баш грижа дали ти размислуваш да купиш или размислуваш да размислуваш да купиш папагалче,та едно дали две. За таа намена, измислен е
фејсбук каде луѓето можат без некој да ги праша да објавуваат фекалии и да читаат нечии размислувања состојби или реакции, од типот “боли глава, во ве-це, пијам кафе, итн“
Имам папагал тигрица скоро 2 години. Ко го купив ми рекоа дека е папагалот е мал. Последните 6 месеци често се разболува, го однесов на ветеринар и ми даде антибиотик да му клавам во водата, откако ќе пие по 2-3 дена му е подобро, после 2-3 недели пак истото. Првиот пат имаше и пролив, а сега не. Лета многу малку речиси ич (1 метар и паѓа на земја), целиот е подуен во пердувите, многу е тивок ретко свири, многу често спие. Првиот пат ко се разболи немаше сила, со нозете не можеше да се држи за решетки. Го чувам на топло, редовно му давам да јади, водата му ја менвам, кафезот го чистам, имам земено сипина коска. И го имам заприметено дека многу поќе јади од обично шо јадеше пред да почни да се разболва (или да го менва расположението оти незнам дали се работи за настинка). Некој совет од шо можи така да се однесва или разболува?
Зедов храна (микс од овошје и плус некој минерали има) му ја дадов во мала хранилка, ама мислам дека не јади од неа дали можи да му ја измешам со просото?
Према ова што го опиша баш и некоја точна дијагноза не може да се воспостави. Птиците поинаку реагираат од мачките,кучињата и далје други животни,така да сака малку и поинаков пристап.
Пролив добиваат од премногу водена и свежа храна, премногу протеинска храна (форсирање за парење на пример со коноп, јајце итн) менување на температурата (од ладни во топли простории) и доколку семето со кое го раниш папагалот има стоено долго време во затворена кутија, па примило влага и мувлосува. Семето секогаш чувај го на суво и топло место со тоа ќе избегнеш да мувлосува и да ги разболуваш папагалите. Ако земаш брендирана храна, прочитај рок, а ако земаш рефусна тогаш стави го некое време пред парно, шпорет или што друго да се грееш за да излези влагата,иако семето си има само во себе влажност.
Подуен во пердувите може да стои ако да речеме е во фаза на митарење.Можни се прочиви ама во случајов кај тебе станува збор за омалаксаност и избегавање на храна. Можно е да има цревни паразити, ти препорачувам да провериш во изметот дали се забележуваат ситни како конци црви?
Ако не, тогаш се работи за некоја друга болест.
Внимавај да не е на промаја, да не го вознемируваш да не му правиш температурни промени, проверија храната како што опишав погоре и хигиена на кафезот е битно.
Како што кажа 2 години го имаш, така да не верувам да си “донел“ некоја болест од пет-шопот.
Проблемот со петшоповите е што кафезите во кои ги чуваат птиците поретко и да ги мијат кога пристигнуваат нови птици, така да, новите се заразуваат со тоа што биле заразени претѕходните во истиот кафез.